Харадинај: Судот за Косово не се доведува во прашање
1 февруари 2018„Судот постои, креиран е со уставен амандман и не е доведен во прашање“, изјави Харадинај. „Косово во минатото ги извршуваше своите обврски во поглед на меѓународното и национално право. Нема сомнеж дека Косово ќе остане посветено на тие обврски. Иницијативата која постои во парламентот не е одлука. Тоа е пратеничка иницијатива“, дополни Харадинај, кој не верува дека иницијативата ќе успее.
Харадинај во разговор со Тим Себастијан за емисијата „Conflict Zone" на Дојче веле изјави: „Постои загриженост поради Судот кај многу луѓе овде. Тие сметаат дека е неправедно Судот да испитува само одделни злосторници, а не сѐ што овде се случи. Но, нема страв од судот“. На директно прашање дали би одговорил на повик на судот, ако биде обвинет, Харадинај рече: „Да.“
„Верувам дека фактот што бивши припадници на ОВК се враќаат на обвинителна клупа дваесет години по војната може да разбуди сеќавања од периодот на ОВК и војната. Во период кога ни е потребно да го одржуваме мирот и да простиме, иако не и да заборавиме, и да гледаме во иднината, со ова се враќаме во минатото“, изјави Харадинај.
Целиот разговор на англиски јазик можете да го погледнете на видеото: