Хереро и Нама ја тужат Германија за колонијален геноцид
6 јануари 2017Претставници наетничките групи Хереро и Нама од Намибија во Њујорк поднесле збирна тужба против Германија, барајќи обесштетување. Племенскиот Хереро-водач Векуи Рукоро и Нама-лидерот Давид Фредерик освен тоа бараат претставници на двете групи да бидат вклучени во преговорите меѓу германската и намибиската влада.
Во тужбата е наведено дека во времето на германското колонијално владеење во тогашна германска Југозападна Африка, меѓу 1885. и 1903. година, една третина од земјата, сопственост на припадници на Хереро и Нама, била одземена од страна на германските доселеници, со дозвола на колонијалните власти. Германската колонијална управа исто така толерирала што германските доселеници силувале жени и девојчиња и го користеле населението за принудна работа. По бунтот организиран во 1904. година, германскиот генерал Лотар фон Трота организиран одмазднички уништувачки поход, во кој биле убиени преку 100.000 припадници на етничките групи Хереро и Хама.
Тужителите тврдат дека настапуваат од името на сите Хереро и Нама низ цел свет, барајќи „обесштетување за геноцидот“, извршен од тогашната германска колонијална управа. Рукоро при престојот во октомври во Берлин најави поднесување на барање за обесштетување. Ни Хереро ни Нама не прифаќаат извинување кое не предвидува репарации, истакна лидерот на Хереро.
Германската влада го оценува масакрот за геноцид, но одбива исплаќање на обесштетување. Во аргументацијата на Германија се истакнува дека „историските настани“ можат да бидат оквалификувани за геноцид дури по стапувањето во сила на Конвенцијата на ОН за геноцид од 1951. година.