Хрватска почнува преговори со ЕУ
4 октомври 2005Се успеа – конечно. Секоја друга одлука, со оглед на позитивната проценка кон соседот Србија и Црна Гора, немаше да биде сфатлива. Сега се стави крај на гледањето на кафе и шпекулациите околу терминот и сите учесници кончено ќе можат да и се посветат на работата, што ќе значи содржинска обработка на поединчени делови. Во овој поглед пред Хрватска стои планина со конкретни постапки.
Успехот доаѓа доцна
Премиерот Иво Санадер и неговата влада, овој надворешно политички успех ќе го уживаат делумно, тој сепак доаѓа многу подоцна отколку што се очекуваше. Неговата влада - како и претходната мора да се прашаат, зошто беше потребен таков надворешен притисок, за да се постигне конечниот резултат. Имено не беше ли сегашната влаедачка партија, таа која додека беше во опозцииајта, тогашната влада ја стави под огромен притисок, што се однесува до попозитивната соработка со Трибуналот за воени злосторства? Премиерот сега постојано појаснуваше, по позитвна одлука на ЕУ за почеток на преговорите ќе се продолжи по започнатиот пат на соработка со хашкиот Трибунал – и тоа за воља на сопствената земја. Во Брисел ќе има будни набљудувачи.
Развојот на настаните
Зошто беше неопходно, двете теми кои немаат заеднички точки Турција и Хрватска да се наполнат со толку неизвесност и да се поврзат, со за Хрватите неразбирлива мешаница, можеби ова ниту во Брисел не секој знае да го појасни. По шокот со одбивањето на европскиот устав во Франција и Холандија, тамо од вид се изгубија важни моменти: сопствената доследност и влечната сила на членство во ЕУ.
Токму Хрватска е земја, каде во поселдните години се докажа, колку перспективата за да се биде дел од Унијата довде до забрзување на демократизацијата и рефомите. Многу Хрвати имаат чувство дека бараниот генерал Анте Готовина беше само изговор, да се стави настрана секое натамошно проширување на Унијата, дека тие како и Турција не се повеќе посакувани. Со побрзо започнување на преговорите – се разира придружувани од притисокот што се однесува до соработката со Ден Хааг – ќе можеше да се избегне ова.
Во моментов одобрувањето за членство во ЕУ во Хрватска е на најниско ниво. Добар дел од вината за избледувањето на воодушевеноста од ЕУ имаат и оние кои се на власт, имено негатвиното чувство што се прошири со во секој случај потребниот јавен притисок за соработка со Хаг, токму овие власти требаше да го попречат. Од страна погледнато би се рекло: какво губење на време.
Сега важи дека разговорите ќе започнат брзо и со истиот елан, со кои во Загреб според сопствени извори постои намерата за се продолжи со акциониот план за пронаоѓање на генералот во бегство. За да се покажат видливи резултатите од спорведување на реформите компатибилни на ЕУ кои произлега од разговорите. Не на хартија, туку конкретно граѓаните мора да доживеат дека во правниот систем или економијата, но и во сите други општествени нивоа работите се менуваат на подобро. Ако ова би било придружувано со подобра и поинтензивна информациона политика, степенот на одобрување за ЕУ наскоро би можел да се зголеми.