1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Хунко: Гласањето беше мирно и добро организирано

Силвера Падори-Кленке28 април 2014

Пратеникот од Партијата на Левицата Андреј Хунко како набљудувач на Советот на Европа посетил 12 избирачки места во Скопје и Велес каде гласањето се одвивало мирно, без проблеми и било добро организирано.

https://p.dw.com/p/1Bq1a
Андреј Хунко (на фотографијата лево)Фотографија: picture-alliance/dpa

„На денот на претседателските и предвремените парламентарни избори престојував во Mакедонија, каде како член на набљудувачите на Советот на Европа го следев гласањето на 12 изборни места во Скопје и Велес. Морам да кажам дека гласањето, според она што го видов, се одвиваше мирно, без проблеми и добро организирано. Луѓето, гласачите, како и изборните одбори беа добро информирани и навистина немам никакви забелешки“, вели за ДВ Андреј Хунко, пратеник од Партијата на Левицата и член на Комисијата за Европската унија во Бундестагот.

Што се однесува до забелешките кои ги даде ОБСЕ околу пристрасноста на медиумите и спојувањето на државата со партијата, кои доминирале во деновите пред гласањето, Хунко вели дека во Македонија бил само еден ден, премногу кратко за да може да даде свои квалификации за наведените неправилности. Во секој случај, како истакна, претстои анализирање на сите забелешки, и секако следење на целокупната состојба во Македонија, каде поради најавениот бојкот на социјалдемократите има опасност од политичка криза.