ЦИА проценува дека во војната досега загинале 15.000 Руси
21 јули 2022„Најновите проценки на американските тајни служби зборуваат за околу 15.000 убиени (руски) војници и можеби трипати повеќе ранети. Значи, значителни загуби“, изјави директорот на ЦИА, Вилијам Барнс на безбедносниот форум Аспен во Колорадо.
Според Барнс, „и Украинците страдаа, веројатно нешто помалку. Но, знаете веќе, значителни загуби“, оцени Барнс.
Бројот на смртни случаи кај војниците во Русија е државна тајна и во време на мир. Москва не ги актуелизира официјалните бројки во текот на војната во Украина. На 25 март годинава беше соопштено дека загинале 1351 војници.
Украинската влада во јуни соопшти дека дневно гинат меѓу 100 и 200 украински војници. Советникот на украинскиот претседател, Алексиј Арестович на средината од јуни изјави дека од почетокот на руската инвазија на Украина загинале околу 10.000 украински војници.