1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW
Конфликти

Чавушоглу: Некои НАТО-земји сакаат долга војна во Украина

ЕМФ | агенции
20 април 2022

Турскиот министер за надворешни работи Мевлут Чавушоглу обвини дека некои земји од НАТО сакаат долга војна во Украина за да ја ослабнат Русија.

https://p.dw.com/p/4AAbY
Türkei | Verhandlungen zwischen Russland und der Ukraine in Istanbul | Außenminister Mevlut Cavusoglu
Фотографија: Cem Ozdel/AA/picture alliance

Шефот на турската дипломатија Мевлут Чавушоглу денеска (20.04) упати обвинувања на сметка на некои држави членки на НАТО дека сакаат војната во Украина да трае долго, за да се ослабне Русија.

„Има земји во НАТО кои сакаат војната да продолжи. Тие сакаат Русија да ослабне“, рече Чавушоглу во интервју за Си-Ен-Ен Турк, притоа не наведувајќи на кои држави мисли.

Турција од почетокот на војната прави обиди за посредување помеѓу Москва и Киев. Русија и Украина двапати водеа разговори во Турцијаза прекин на огнот. Последните разговори се одржаа на крајот од март. Во меѓувреме разговорите се во ќорсокак.

Türkei | Verhandlungen zwischen Russland und der Ukraine in Istanbul
Разговори помеѓу Украина и Русија во Истанбул, 29.03.2022Фотографија: Turkish Presidency via AP/picture alliance

Шефот на руската дипломатија Сергеј Лавров во телефонски разговор со Чавушоглу денеска рекол оти исходот од разговорите со Украина зависи целосно од подготвеноста на Киев да ги земе предвид барањата на Русија.

Портпаролот на Кремљ, Дмитри Песков, денеска изјави дека Украинците „се повлекуваат од она со што веќе се согласија“. Песков тврди дека на Киев му се испратени конкретни предлози за завршување на војната.

- повеќе: Се бара прекин на огнот во Украина за Велигден

Украинскиот претседател Володимир Зеленски, пак, тоа го демантира и вели дека досега не добил руски предлози за ставање крај на војната. „Ништо не сум слушнал, ништо не сум видел. Уверен сум дека ништо не ни предале“, рече Зеленски.