1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Мишел: Македонци имате историска можност да кажете „ДА“

ДТЗ
5 јули 2022

„Свесни сме за загриженоста за вашиот национален идентитет - можете да сметате на мојата поддршка дека систематски ќе стојам зад вашите легитимни права“, вели Мишел

https://p.dw.com/p/4DgNm
Nordmazedonien | Dimitar Kovacevski und Charles Michel
Фотографија: Petr Stojanovski/DW

„Македонци имате историска можност да кажете 'ДА' за почеток на преговорите, 'ДА' за ЕУ и за нашите деца. Оваа можност е премногу важна за да се пропушти“, порача претседателот на Европскиот совет Шарл Мишел, кој е еднодневна посета на Северна Македонија, со цел да даде поддршка во момент кога се одвиваат консултации околу последниот француски предлог којшто беше испратен до земјата.  

Мишел е дециден дека доколку земјата даде зелено светло за европскиот предлог, тоа ќе значи безусловен старт на преговорите со ЕУ.   

Ако кажете ‘ДА’, првата Меѓувладина конференција ќе се организира во наредните неколку денови и потоа ќе почне скрининг процесот. Станува збор за билатерален скрининг. Преговарачки тимови ќе бидат повикани во Брисел“, вели Мишел. Тој е дециден дека францускиот предлог го почитува македонскиот јазик.  

Загриженост

„Свесни сме за загриженоста за вашиот национален идентитет - можете да сметате на мојата поддршка дека систематски ќе стојам зад вашите легитимни права“, вели Мишев, но истовремено потенцира дека добрососедните односи се особено важни во Унијата.

Влезот во ЕУ, според него, ќе доведе до поголема стабилност и безбедност. „Само заедно можеме да се соочиме со огромните предизвици и само заедно можеме да ги надминеме препреките. Убеден сум дека сега е време за тоа“, изјави Мишел на заедничката прес-конференција со премиерот Димитар Ковачевски во Владата. Тој потенцираше дека започнувањето на преговорите ќе донесе предности - нови иницијативи и програми кои се отвараат за новите членки. 

Мишел претпладнето имаше средба со македонскиот претседател Стево Пендаровски. 

„Прифаќањето на францускиот предлог ќе овозможи отворање на првата фаза од пристапните преговори, со што ќе се одблокира ЕУ интеграцијата на нашата земја. Отворањето на првата фаза ќе претставува натамошен поттик за напредокот и просперитетот на Северна Македонија, но ќе има позитивно влијание и врз севкупните состојби на Западен Балкан“, порача претседателот Стево Пендаровски  по средбата со Мишел. Во однос на загриженоста кај граѓаните за идентитетските прашања, Пендаровски е дециден дека македонскиот јазик и идентитет мора да бидат почитувани и гарантирани од страна на ЕУ. 

Прескокни го блокот Повеќе на оваа тема

Повеќе на оваа тема