Шмркови со боја и Прометеј
Илјадници демонстранти во Скопје го изразија својот револт од политиката на Владата. Тие бараат фер парламентарни избори, реформа на правосудството и медиумите и кривично гонење на криминалните политичари од власта.
Илјадници против власта
Ова беа најмасовни протести на „Шарената револуција“ од нејзиниот почеток пред повеќе од два месеца, по аболицијата на осомничените политичари од страна на претседателот Ѓорѓе Иванов. Илјадници граѓани скандираа „Оставка, оставка“ и бараа уставна заштита на новоформираното Специјално обвинителство, на кое, според нив му се заканува нарачано укинување од страна на Уставниот суд.
Гласот на граѓаните мора да се чуе
Пред Владата говореа повеќе активисти на антивладините протести, меѓу кои и Павле Богоевски. Тој порача: „Граѓаните мора да бидат дел од решението на кризата. Не за да носиме политики или да се бориме за власт, туку за да се осигураме дека идните преговарачки процеси ќе бидат транспарентни и секој граѓанин на улица ќе знае што се случува зад тие врати“.
Боја, многу боја...
„Шарените командоси“ на протестите извадија црева од кои се прскаше со шарени бои по зградата на Министерството за правда.
... и камења
Настрадаа и повеќе прозорци на Министерството за правда, откако се фрлаа камења и полни кофи со боја врз фасадата, додека демонстрантите пееја „Шутка не ти бега Никола“.
Прометеј е и натаму исправен
Шарениот „Прометеј“ остана да стои. Иако демонстрантите повеќе од половина час се обидуваа да му врзат платно околу вратот со кое ќе го повлечат и турнат на земја, полицијата ги спречи во намерата.
Полицијата направи обрач околу споменикот
Прометеј беше чуван од полицајци до доцна во ноќта. „Перформансот околу позлатениот споменик наиде на големо одобрување меѓу демонстрантите, исто како и пред неколку недели кога беше разубавен со боја. Се чини дека овој чин беше разбран како симболичен атак врз симболот на глупоста, обвиен во злато во време кога снемува леб“, оцени гаѓанскиот активист Марјан Забрчанец.