1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Штајнакер: Немам разбирање за бугарската блокада

22 февруари 2022

Поранешната германска амбасадорка во Скопје и Софија, Гудрун Штајнакер во разговор за ДВ говори и за спорот меѓу Бугарија и Северна Македонија и начините за негово надминување.

https://p.dw.com/p/47DXM
Гудрун Штајнакер
Гудрун Штајнакер, поранешна германска амбасадорка во С. Македонија и БугаријаФотографија: DW/P. Stojanovski

Бугарија треба без никакви условувања да се согласи да започнат преговорите за членство на Северна Македонија во ЕУ, вели Гудрун Штајнакер, долгогодишен германски дипломат и поранешна амбасадорка во двете балкански земји. Таа смета дека споровите меѓу двете земји се трупале со векови и не можат лесно и брзо да се надминат.

„На мислење сум дека Бугарија треба без никакви условувања да се согласи да започнат преговорите за членство на Северна Македонија во ЕУ. Затоа што во моментов зборуваме само за почеток на преговори, а не за влез на Северна Македонија во ЕУ. Добро ни е познато дека таквите преговори можат да траат со години. Во оваа смисла немам многу разбирање за блокадата што ја наметна Бугарија. Да, двете страни имаат различни ставови за многу прашања: малцинствата, јазикот, културата и, пред сè, историјата. Овие спорови се реални, тие го трупале својот потенцијал низ текот на целата нова историја. За Бугарија тие се вкоренети во 19 век, во случајот со Северна Македонија датираат од пред 80 години, бидејќи пред тоа оваа земја не постоеше“, вели Штајнакер во разговорот за ДВ. 

Кој ќе го сопре бугарскиот мобинг врз Северна Македонија?

Германската дипломатка вели дека спорот меѓу С. Македонија и Бугарија не е уникатен во Европа и дава и други примери за слични конфликти кои се решиле мирно низ разговори. 

„За да се смират таквите тензии, акумулирани низ толку долги години, потребно е време додека не се најде разбирање. Или барем до заклучокот дека нема начин двете страни да се договорат за сите прашања. Ова не е некаков уникатен проблем, само меѓу Бугарија и Северна Македонија. Слични конфликти постојат и на други места, на пример меѓу Словачка и Унгарија. Дури и во прекрасната Норвешка, каде што бев во тоа време, сè уште имаше несогласувања со Шведска на одредени теми. Но, таквите противречности секогаш можат да се решат на мирен и заемно прифатлив начин. Потребна е само политичка волја и се надевам дека новата влада во Софија брзо ќе ја прекине блокадата“, вели Гудрун Штајнакер.  

Deutsche Welle Bulgarische Redaktion Alexander Andreev
Александар Андреев Александар Андреев е долгогодишен новинар и раководител на бугарската редакција на Дојче Веле.
Прескокни го блокот Повеќе на оваа тема