Штајмаер предупреди од нов национализам
8 мај 2020Германскиот претседател Франк-Валтер Штајнмаер денеска ја повика меѓународната заедница да извлече лекции од крајот на Втората Светска Војна и да се придвижи кон „повеќе, а не помалку соработка“ во борбата против новата пандемија на коронавирусот,
„Не треба да прифатиме мировниот поредок (воспоставен во 1945 година) да исчезне во чад пред нашите очи. Ние сакаме повеќе а не помалку соработка во светот, вклучително и во борбата против пандемијата", рече Штајнмаер во говорот во Берлин по повод 75- годишнината од крајот на Втората Светска Војна.
Штајнмаер зборуваше на мала церемонија на која тој, канцеларката Ангела Меркел и првите луѓе на Бундестагот и на Врховниот суд положија венци во меморијалниот центар на жртвите од војната и насилството во Берлин за да ја одбележат 75-годишнината од крајот на Втората Светска Војна.
Повеќе:
-75 години од крајот на Втората светска војна: Поуките од минатото
Германскиот претседател планираше да одржи голем настан со 1.600 гости пред зградата на Рајхстаг во Берлин по повод оваа годишнина, но тоа беше откажано поради пандемијата.
Во својот говор, германскиот претседател ги повика и своите сонародници да гледаат на 8-ми мај 1945 година, како на ден на „благодарност“, а не на горчина поради поразот.
„Да, ние другите Германци денес можеме да кажеме дека Денот на ослободувањето е ден на благодарноста. И ни беа потребни три генерации за да можеме да го кажеме тоа со полно срце“, рече Штајнмаер.
Така, тој потсети на говорот на еден од неговите претходници, Рихард фон Вајцзекер, кој остана забележан во историјата. На 40-годишнината од крајот на Втората Светска Војна во 1985 година, Вајцзеркер прв зборуваше за „ден на ослободување“ и за Германија, што значеше и прекин на широко распространетата перцепција за пораз во земјата.
Владата во Берлин денеска прогласи празничен ден за одбележување на 75-годишнината од крајот на војнаа, но тој е ограничен само на главниот град и се важи само за оваа година
. ;