Протести против владата на Јанша
29 мај 2021Демонстрантите во Љубљана бараа оставка на премиерот на Словенија, Јанез Јанша и неговата конзервативна влада, и распишување предвремени избори.
На протестите учествуваа синдикатите и опозициските партии. Демонстрантите извикуваа „Избори сега“. На еден од протестните плакати стоеше: „Смрт на фашизмот, слобода за сите“. Многу од демонстрантите на протести дојдоа со велосипеди, кои треба да се симбол на движењето кое е критички настроено кон власта.
Притисок врз медиумите и правосудството
Критичарите го обвинуваат Јанша за сѐ поавторитарно владеење. Тој е мета на критики, меѓу другото, поради својот однос кон медумите. Од доаѓањето на власт во март 2020 година тој, особено на Твитер, постојано „татни“ против медиуми и новинари, па дури и против германските. Неговите противници го обвинуваат и дека ја користи пандемијата за да ја поткопа независноста на правосудството.
Повеќе:
Јанез Јанша: „Мини-Трамп“ и „Маршал Твито“
Јанез повторно би цртал граници
Што може да направи Брисел против „испадите” на Јанез Јанша?
Јанша во средата со тесен резултат преживеа гласање за доверба во парламентот. Барање поднесоа четири опозициски партии, кои го обвинуваат за потфрлање во борбата против пандемијата, на пример во делот на снабдувањето со вакцини. Јанша ги отфрла критиките и ги нарекува „заговор од левичарскиот табор“.