Поранешниот премиер Љубчо Георгиевски вели дека со задоволство ги чита анализите за домашните и меѓународните случувања кои се објавуваат на Дојче веле, кого го смета за еден од најсериозните светски медиуми. Смета дека програмата на македонски јазик е релевантен и веродостоен извор на информирање, со вистински информации и без лажни вести, што е добар пример за останатите медиуми.