1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Љубчо Георгиевски ја врати титулата почесен претседател на ВМРО-ДПМНЕ

28 мај 2004

Наместо битка против СДСМ, Груевски правел партиска чистка, смета Георгиевски

https://p.dw.com/p/AdBs

Љубчо Георгиевски официјално ја врати титулата, почесен претседател на ВМРО-ДПМНЕ, се истакнува во неговото денешно соопштение до медиумите. Тој синоќа го информирал Централниот комитет на најголемата опозициона партија за оваа своја одлука, која како што тој наведува е конечна и неотповиклива

Во образложението за својата оставка, Георгиевски наведува дека по неговото повлекување од лидерската функција во ВМРО-ДПМНЕ, очекувал новиот претседател Никола Груевски побргу и полесно да го победи СДСМ. Но наместо тоа новиот претседател се ангажирал само околу кадровските чистки во партијата.

Георгиевски наведува, дека по овој пораз, Груевски во јавноста излегувал со жолчни изјави, дисквалификации и обвинувања, притоа водејќи пресметка со Љубчо Георгиевски, а не со Бранко Црвенковски.

Поранешниот претседател на најголемата опозициона партија покрај ова смета, дека вчерашната смена на осумтемина, според него авторитетни и докажани членови на ВМРО-ДПМНЕ, претставува најава дека во наредниот период ќе се интезивира и омасови политичката егзекуција на “ луѓе лојални на Георгиевски“