1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW
Конфликти

Ќе биде ли отворен хуманитарниот коридор од Мариупол?

СН/агенции
1 април 2022

Во завојуваниот украински град тлее нова надеж за отворање на коридор за евекуација на цивилите. Мариупол е едно од најпогодените места од руската инвазија која трае веќе 37 дена.

https://p.dw.com/p/49JYT
Мариупол е под руска опсада и речиси целосно е разурнат
Мариупол е под руска опсада и речиси целосно е разурнатФотографија: Alexander Ermochenko/REUTERS

Руските сили соопштија дека денеска повторно ќе го отворат коридорот за евакуација од опколениот град Мариупол до Запорожје. Според украинските власти, конвојот вчера имал повеќе проблеми, вклучувајќи и запленување на хуманитарна помош и блокирање на автобуси од страна на руските трупи.

Руското министерство за одбрана соопшти оти војската повторно ќе го отвори хуманитарниот конвој од градот Мариупол на југот до Запорожје на 1 април на барање на лидерите на Франција и на Германија, Емануел Макрон и Олаф Шолц. Коридорот ќе биде отворен од 10 часот по московско време и руските трупи ќе постават меѓуточка во јужниот град Бердјанск, соопштија од руското министерство.

Повеќе: Војна во Украина: Пеколни глетки во Мариупол

Украинската министерка Ирина Верешчук рече дека околу 100.000 цивили останале заробени во градот, кој со недели трпи бомбардирања од руските сили.

Меѓународниот одбор на Црвениот крст сака да помогне во олеснување на безбеден премин за цивилите од Мариупол.

Близу 150 деца загинале во војната

Украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави дека ситуацијата на југот и во регионот на Донбас се уште е исклучително тешка и повтори дека Русија ги зајакнува своите сили во близина на опколениот град Мариупол. „Битките се пред нас. Сè уште треба да одиме на потешкиот пат за да добиеме се што сакаме“, рече тој во видео-обраќањето доцна во ноќта.

Од почетокот на руската воена операција во Украина за време на гранатирањата и на воздушните напади загинале 148 деца, тврди украинското Министерство за одбрана.

Децата жртви на руската агресија

Како што се наведува во соопштението, руските сили од почетокот на конфликтот во земјата испукале 1.370 проектили и уништиле 15 украински аеродроми, а над 10 милиони Украинци ги напуштиле своите домови.