1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Ќе престане ли некогаш пукањето во Украина?

Катерина Бацаки / ЕМФ30 јуни 2015

ОБСЕ наместо примирјето, постојано ги набљудува борбите на истокот на Украина. Овде нема примирје, се жалат луѓето кои живеат во близина на линијата на фронтот.

https://p.dw.com/p/1Fowz
Фотографија: Vasily Maximov/AFP/Getty Images

Примирје во Украина. На линијата на фронтот пукаат едните, возвраќаат другите. Сергеј „Крест“, кој командува со бунтовнички баталјон, за украинската армија вели:

„Пукаат речси секојдневно, и дење и ноќе. Нема мир.“

Бунтовниците се имаат вкопано во близина на Доњецк. Велат дека тука се водат борби цело време, и покрај договорот од Минск.

ОБСЕ ги набљудува борбите. Од набљудувачикте места поставени на височина постојано гледаат како се крши примирјето.

Александер Хуг, заменик шеф на набљудувачката мисија на ОБСЕ за Украина, оценува:

„Тензијата на двете страни е многу голема, довербата е рамна на нула. Во ваква ситуација не е потребно многу за конфликтот да избие повторно.“

Жителите во близина на линијата на фронтот речиси имаат згаубено надеж. Тука постојано удираат куршуми.

Сопруг от на Нина Доњцк бил пред вратата кога удрила граната. На повредите им подлегнал непосредно потоа. За луѓето кои живеат тука нема бегање, ниту пак примирје.

„Не, не постои. Луѓе умираат, како може вакво нешто да се нарече примирје? Тоа би требало да значи дека воопшто не се пука“, вели Нина Доњецк.

Бунтовниците тврдат дека се подготвени за преговори, но прво сакаат да бидат сфатени сериозно од страна на владата.

На фронтот, пак тие веќе се подготвуваат за наредната борба.

Ќе престане ли некогаш пукањето во Украина?