1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW
Здравје

Бајката за рамномерна распределба на корона-вакцините

СН/агенции
15 јануари 2021

Во трката за пристап до вакцини против коронавирусот, Светската здравствена организација критикува дека досега 95 проценти од сите вакцинации биле направени само во десет земји. СЗО побара поголема солидарност од Европа.

https://p.dw.com/p/3nwwT
Großbritannien | Massen-Impfzentrum
Фотографија: Dominic Lipinski/picture-alliance

Регионалниот директор на Светската здравствена организација (СЗО) за Европа, Ханс Клуге, во Копенхаген изјави дека 95 отсто од вакцините против Ковид-19 кои досега се произведени се распоредени во само 10 земји.

Клуге прецизираше оти во прашање се 23,5 милиони дози вакцини и додаде дека за СЗО најчесто разгледувана тема е тоа што за ефикасно запирање на коронавирусот потребно е вакцините да се распределат рамноправно, како во земјите со мали приходи така и во оние сиромашните.

WHO Hans Kluge
Ханс Клуге, регионален директор на СЗО за ЕвропаФотографија: picture-alliance/AA/A. C. Sencar

„Во глобални напори да ја запреме епидемијата... ние не можеме да заборавиме ниту една земја, ниту една заедница“, додаде Клуге.СЗО и нејзините партнери во програмата Ковакс вложуваат „значителни напори секоја земја да добие вакцина“, истакна претставникот на СЗО и додаде дека сите мерки во борбата против пандемијата мораат да се засноваат на основните хуманистички вредности - солидарност, еднаквост и социјална правда.

Повеќе:

-Ковид-19: Повеќе вакцини за ЕУ – на пролет 

-Ковид-19: Зошто производството на вакцината е толку комплицирано?

-Коронавирус вакцини: ЕУ повторно го остави Балканот на цедило

„Тоа е единственото решение за оваа вонредна ситуација, бидејќи никој нема да биде безбеден додека не бидат сите безбедни“, порача Клуге. Тој повика на поголема солидарност од Европа без да ги именува земјите кои предничат во вакцинациите.

Според анализата на веб-страницата „Нашиот свет во податоци“, тука спаѓаат Германија, Израел, Италија, Шпанија, Велика Британија, САД, Кина и Русија .

Во Европа, во меѓувреме, 31 земја  започна да го вакцинира населението против коронавирусот. Вакцинациите во земјите поддржани од иницијативата Ковакс, меѓу кои е и С. Македонија се очекува да започнат во февруари.