1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW
Здравје

Добредојде за кинеските вакцини

ДТЗ
30 април 2021

Од вторник започнува масовна имунизација во уште шест градови во Северна Македонија, откако во земјата пристигнаа долго очекуваните 200 илјади вакцини на „Синофарм“.

https://p.dw.com/p/3smlt
Nord-Mazedonien Corona Impgung in Skopje
Фотографија: Petr Stojanovski/DW

Од вторник започнува масовната имунизација во Северна Македонија, откако изутринава пристигнаа 200 илјади вакцини против Ковид-19 од кинеската фирма „Синофарм“, кои се купени со директни преговори со производителот. Вакцините се складирани во ладната соба во поликлиниката „Јане Сандански“ од каде по велигденските празници ќе бидат дистрибуирани во вакциналните пунктови и центри. Во план е дневно да се вакцинираат од 10 до 15 илјади граѓани. Вакцината на „Синофарм“ се дава во две дози. 

Во наредниот период ќе стигнат уште 500 илјади вакцини на „Синовак“ и дополнителни 100 илјади кинески од „Синофарм“, како и уште 26 илјади од „Фајзер“.

-повеќе на темата: Во С. Македонија ќе се произведува амбалажа за вакцините против коронавирус

„Вакцините ќе бидат дистрибуирани во сите вакцинални пунктови за масовна вакцинација, во Скопје во салата „Борис Трајковски“ и во спортските сали во Куманово, Битола, Штип, Кавадарци, Тетово и Охрид и според распоредот на веќе пријавени граѓани вакцинацијата ќе започна во вторник. Ова е месец во којшто очекуваме и други големи количини на вакцини и верувам дека до почетокот на летото ќе имаме висок процент на вакцинирано население и тоа ќе придонесе до целосно менување на сликата на епидемијата кај нас“, изјави министерот за здравство, Венко Филипчекој ја пречека пратката заедно со кинескиот амбасадор Џао Ѕуо.

„Ова претставува нов темелник на солидарноста и ново поглавје во пријателските односи меѓу двете држави. Пристигнувањето на вакцините во Северна Македонија е чекор и акција на Кина да го исполни ветувањето и должноста за доброто на човештвото. Кина во моментов е во процес на масовна вакцинација со над 200 милиони вакцинирани жители. Кина ќе соработува и ќе ја засили соработката во борбата против епидемијата и економското закрепнување“, порача амбасадорот Ѕуо.

-повеќе на темата: Западниот Балкан и вакцините против Ковид: Меѓу неспособноста и геополитиката

Приоритет ќе имаат граѓаните коишто се веќе пријавени за вакцинација, а ќе бидат повикани според возраста. Засега, вели Филипче остануваат да функционираат и помалите пунктови за вакцинација, но се разгледува опција кадарот да се сконцентрира само во големите пунктови.

Досега се вакцинирани 55.926 лица, а за вакцинација се пријавиле 207.332 граѓани. Надлежните апелираат до гараѓаните да се пријават за вакцинција. „Сите вакцини се безбедни за граѓаните и нема потреба граѓаните да бираат која вакцина ќе ја прима“, порача министерот за здравсто, Венко Филипче. „Граѓаните слободно да ја примат вакцината што ќе им биде понудена без да се грижат, ниту треба да мислат да даваат предност на еден вид вакцина пред друг“, додаде тој.