1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW
Конфликти

Војната во Сирија и грешките на Западот

Керстен Книп
15 март 2018

Западот направи многу работи во погрешна насока во сириската војна која беснее седум години. Тешко е да се каже дали можеше да ја скрати. Но едно е сигурно: Западот мора да учи од грешкте, коментира Керстен Книп

https://p.dw.com/p/2uMfK
Syrien Assad kündigt Fortsetzung der Angriffe auf Ost-Ghuta an
Фотографија: picture alliance/AA/A. Sab

Војната во Сирија, која влезе веќе во осмата година, е уште еден случај за историчарите чија специјалност е фиктивната историја: што ќе беше, ако? Ова прашање е особено важно во однос на западните земји: Каков ќе беше текот на војната ако тие реагираа поинаку? Прашањето воопшто не е безначајно: директно влијае врз судбината на многу луѓе кои ако Западот реагираше поинаку , можеби сѐ уште ќе беа живи.

Од сегашна гледна точка историијата на одлуките на Западот е пред сѐ историја на пропуштени шанси. Најпозната од нив е онаа од 2013 година: кога стана јасно дека режимот на Асад може да употреби боен гас против своето население, американскиот претседател Барак Обама предупредувачки говореше дека во таков случај ќе биде премината „црвената линија" и предупреди од последиците од тоа. Но кога отровниот гас беше навистина употребен Обама не стори ништо. Го игнорираше случајот и своите претходни предупредувања.

Повеќе:

-Ужасот во Источна Гута

-Изопачената војна во Сирија

-Турција и сириската сложувалка

Обама и „црвените линии"

Ова се чини беше последната можност да му се стави јасно до знаење на режимот на Асад до каде му е границата. Во тоа време тој сѐ уште не беше под заштита на Иран и на Русија, во секој случај немаше поддршка во таква мерка каква што има сега. Барем уште постоеше некаква рамнотежа на силите, при што интервенција на САД и нејзините партнери ќе беше замислива опција. Обама ја пропушти оваа шанса.

Тој морал да има добри причини за тоа. Американската интервенција во Ирак се случи десет години претходно - и беше синоним за политичка, морална и пропагандистичка пропаст. Безумната инвазија која се базираше врз бесрамни лаги направи САД да бидат перцепирани како арогантна, неоимперијалистичка сила – впечаток кој уште не можат да го сменат.

Knipp Kersten Kommentarbild App
Керстен Книп, автор на коментарот

Токму затоа една воена интревенција на Блискиот Исток, десет години подоцна – овојпат во Сирија – ќе беше ризична: во зависност од текот и исходот, угледот на САД можеше дополнително да биде руиниран.

И стратешкиот ризик беше исто толку голем: конечно не беше предвидлив исходот од една таква интервенција. Дали тоа ќе имаше влијание врз Асад? Дали Русија и Иран ќе ја поддржеа инвазијата? И можеби обама против својата земја ќе завртеше дел од исламскиот свет  – шиитите или можеби сунитите? Дали една ваква интервенција ќе значеше нови џихадистички напади во САД или во Европа?

Цената на пасивноста

Јасно е: инвазијата можеше да има фатални последици. Дилемата гласи: тоа истото важи и за одлуката да не се интервенира. Актуелната ситуација е позната: Русија и Иран го преземаа кормилото во Сирија и се толку инволвирани, така што конфоронтацијата за Западот веќе претставува невозможна опција. Барањата од Вашингтон и европските земји за оставка на Асад се веќе безначајни и ирелевантни.

Што сака или не сака Западот веќе воопшто не игра никаква улога. Дури и гестовите на загриженост веќе никого не го импресионираат.

Дотолку повеќе: фактот што САД во годините пред почетокот на војната во Сирија поддржуваше стратегии за соборување на Асад, со кои многу веројатно земјата е втурната во хаос, ја прави моќна сила со дубиозни намери.

Ситуацијата не се подобри ни со тоа што американскиот претседател Барак Обама и неговите партнери наместо на интервенција полагаа на сочуствување. Поддршка за бунтовниците да, но не премногу, од страв да не  бидат поддржаани погрешните (се мисли џихадистите): Оваа стратегија не ја подобри ситуацијата, напротив, ги поттикна безбројните опозиционери да влезат во војна која од денешен аспект уште тогаш беше загубена. И не само што загинаа. Туку и стотици илјади цивили беа жртви на безмилосно насилство, проследено со голема доза на цинизам која е невидена за 20 век.

Празни изјави? Никогаш повеќе!

Прашањето е што може да се научи од сето ова? Интервенциите од Западот беа водени дилетантски и крваво пропаднаа, и во Ирак и во Либија. Јасно е: Западот (во моментов) не е во состојба да спроведува долгорочни воени интервенции.

Но исто така не може да стои на страна: Превсртото кокој  Русија и Иран ѝ го дадоа на војната во Сирија е рамен на цинизам. За во иднина – иако за Сирија веќе не важи, доцна е – препораката може да гласи: дадените изјави мора да бидат проследени со конкретна и добро осмислена акција. Или Западот од почеток да си стои на страна. Ништо не може да се постигне само со празни изјави. Тие само ги влошуваат работите.


 

Читајте нѐ и преку апликацијата на ДВ за андроид