1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Германија и Франција „цврсто посветени“ на Западниот Балкан

БГ
31 мај 2021

Германската канцеларка Меркел денеска беше домаќин на последната заедничка владина седница со Франција. Еден од заклучоците на мини-самитот упатува на заедничка поддршка за Западниот Балкан.

https://p.dw.com/p/3uFCI
Deutschland Frankreich PK Ministerrat | Merkel und Macron
Фотографија: Michael Sohn/AP Photo/picture alliance

Германско-францускиот самит донесе уште една потврда за европската перспектива на земјите од Западниот Балкан. Германската канцеларка Ангела Меркел и францускиот претседател Емануел Макрон заедно со своите влади денеска го оддржаа 22 самит, воедно и последен за Меркел. Целодневните дискусии се фокусираа на бројни теми: од пандемијата на коронавирусот, преку иднината на Европа, до меѓународни кризи како Белорусија и Израел.

Од состанокот произлезе заеднички документ од 62 точки во кој иднината на земјите од Западниот Балкан е последната. Во него, двете земји ја реафирмираат стратешката важност на регионот и даваат поддршка на дијалогот меѓу Србија и Косово.

„Ја реафирмираме стратешката важност на земјите од Западниот Балкан и остануваме цврсто посветени на нивната европска перспектива, истовремено повикувајќи на продолжување на суштинските реформи во согласност со новата методологија“, се наведува во заедничката изјава по самитот.
„Како што е формулирано на заедничките средби на високо ниво во 2019 и 2020 година, ја потврдуваме целосната поддршка за дијалогот меѓу Косово и Србија со посредство на ЕУ.“

Првиот франко-германски министерски совет се одржа во Париз на 22 јануари, 2003. Тоа беше замена за годишните самити на германските и француските шефови на држави и влади согласно Елисејскиот договор од 1963 година. Советот, чија цел е продлабочување на работните врски меѓу соседните држави преку одржување на заеднички владини седници, се состанува двапати годишно, напролет и наесен.

Денешниот состанок беше последен на кој присуствува Меркел, која најави дека ќе се повлече од политиката во септември. Прашана да ги сумира резултатите од самитите одржани во нејзиниот мандат и да даде оценка за постигнатото, Меркел со насмевка се воздржа од директен одговор: „Ќе даваме оценки кога работата ќе заврши“, рече таа.

#dw_BalkanBooster: Германија како претседавач со ЕУ треба да му помогне на Балканот

Прескокни го блокот Повеќе на оваа тема

Повеќе на оваа тема

Покажи повеќе написи