По грешка – дадена петкратна доза вакцина на негуватели
28 декември 2020По овој вчерашен случај негувателите - седум жени и еден маж, се испратени дома. Градоначалникот на округот Предна-Померанија – Риген, Штефан Керт денеска изјави дека четворица од осумината засегнати превентивно се задржани во болница, тие манифестираат симптоми слични на инфекција со грип. Во соопштението на округот кој се наоѓа во сојузната покраина Мекленбург-Предна Померанија, се вели дека по информациите кои се добиени од производителот на вакцината, фирмата Бионтек од Мајнц, во првата фаза на испитувањето на препаратот веќе биле тестирани поголеми дози кај испитаниците, без да предизвикаат потешки последици. Не се пријавени трајни, несакани ефекти. Локални реакции на местото на инјектирањето и симптоми кои се слични на оние кај грип настапуваат независно од јачината на дозата на вакцината и во основа се лесни или до среден степен, но брзо минливи.
Портпаролка на Бионтек ги потврди овие информации. Во текот на испитувањето на вакцината, давани се количини до 100 микрограма без да предизвикаат потешки последици. Вообичаената доза која ја примаат луѓето изнесува околу 30 микрограми. Портпаролката на Бионтек упати на опширното упатство за употреба на вакцината кое го има издадено производителот, а во чија прва реченица стои: „Ова е шишенце со повеќекратна доза, чија содржина пред употребата мора да биде разредена."