1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Снабдувањето со гас во Германија е сигурно- засега

СН/агенции
30 март 2022

Германската влада се подготвува за можен прекин на испораките на гас од Русија. Министерот за економија Роберт Хабек го активираше степенот на „рано предупредување“ на планот за вонредни состојби.

https://p.dw.com/p/49DBv
Германскиот вицеканцелар и министер за економија, Роберт Хабек
Германскиот вицеканцелар и министер за економија, Роберт ХабекФотографија: Kay Nietfeld/dpa/picture alliance

Поради руската војна протв Украина и спорот со Русија околу нејзиното барање за плаќање на испораките на гас во Европа во рубљи, германскиот министер за економија, Роберт Хабек, прогласи ниво на рано предупредување на планот за вонредни ситуации со снабдувањето со гас. „Сигурноста за снабдување е загарантирана“, сепак нагласи Хабек.

Ова служи како мерка за претпазливост, изјави вицеканцеларот во Берлин. „Важно е да се нагласи оти сигурноста за снабдување е загарантирана“, додаде тој.

Според планот за вонредни ситуации, постојат три нивоа на криза. Нивото на рано предупредување значи дека постојат „конкретни сериозни и сигурни индикации“ оти може да дојде до ситуација, која веројатно ќе доведе до значително влошување на ситуацијата со снабдување со гас - и веројатно ќе доведе до активирање на алармантно или на вонредно ниво.

Повеќе: Со студени домови против Путин и за Украина?

На нивото на вонредна ситуација, би дошло до „значително пореметување“ во снабдувањето со гас. Државата би морала да интервенира за да обезбеди снабдување со гас особено за „заштитените купувачи“ - тоа се приватни домаќинства, но и болници, пожарникарни единици и полицијата.

Ќе ја затвори ли Русија славината за гасот?
Ќе ја затвори ли Русија славината за гасот?Фотографија: Christian Ohde/Chromorange/picture alliance

Проблеми какви што немало од Втората светка војна

Во случај да запре испораката на гас од Русија, германската економија би претрпела голема штета. Германскиот магазин Шпигел онлајн, пишува дека претставниците на економските здруженија очекуваат проблеми какви што немало од Втората светска војна.

Повеќе: Војна во Украина: Шолц ги потврди плановите за противракетна одбрана

Во индустријата за многу процеси е неопходен гас, во хемиската индустрија, во производството на алуминиум или на челик.

„Во моментов нема тесни грла во снабдувањето“, објасни Хабек. „Сепак, мораме да ги зголемиме мерките за претпазливост за да се подготвиме во случај на ескалација со руската страна.“

Кога се прогласи нивото на рано предупредување, се собра и кризниот тим. Овој тим ја анализира и ја проценува ситуацијата за снабдување, ако е потребно, да можат да се преземат натамошни мерки за зголемување на сигурноста за снабдување.