1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Грците се надеваат на промени

Тереза Тропер/бг20 јануари 2015

Повисоки плати, подобра иднина - ветувањата на партијата Сириза добро минуваат кај гласачите во Грција. Левичарската партија добро котира на анкетите во пресрет на изборите. Какви се конкретните планови на Сириза?

https://p.dw.com/p/1ENGq
Фотографија: Reuters/A. Konstantinidis

Грците се надеваат на промени на изборите

Надеж, повисоки плати и подобра иднина - со тоа се рекламира Сириза пред гласачите. И добро минува. Не само меѓу радикалната левица, туку и кај социјално погодените и младите.

Јасонас Шинас е веќе шест години член на партијата. Студира политика и историја, и сака да го промени сето она што во Грција отишло во погрешна насока.

„Мнозинството млади се соочени со невработеност, образовниот систем во Грција е многу лош, здравствениот систем исто така. Сметаме дека Сириза може сето тоа да го промени и да им донесе надеж на грчките граѓани“.

Оној, во кој се вперени сите надежи, го слават како поп-ѕвезда. Но кусо пред изборите Алексис Ципрас е претпазлив, веќе не одговара на прашања.

„Ќе морате да почекате“, ни одговара кусо, а тоа значи: до неговата победа на изборите в недела.

Шансите дека ќе успее во тоа се големи: многу луѓе разочарани од етаблираните партии тука во Атина се подготвени да и‘ дадат шанса на радикалната левица. Мислењата на граѓаните во тој поглед се различни:

- „Верувам дека Грците ќе гласаат за промени. Состојбата е неподнослива и сите сакаат тоа да се промени“.

- „Луѓето гласаат против владата на Нова демократија, а најдобриот начин за тоа е да се гласа за Сириза“.

- „На Грција и‘ е потребно образование. Гласањето за Сириза не е решение“, велат дел од анкетираните граѓани.

Во ЕУ владее вознемиреност поради можната победа на Сириза. Причината е тоа што Ципрас најави дека како премиер ќе го прекине курсот на штедење и реформи во Грција. А тоа, стравуваат многумина, може да ја распламти еврокризата. Но, дали овие стравови се оправдани?

Тоа е прашање за човекот кој, при евентуална победа на Сириза, ќе преговара со Европа: Јанис Милиос. Тој смета дека Грција може да дојде до средства и без политиката на штедење која ја диктира ЕУ.

„Имаме голем проблем со даночната евазија и други илегални практики и сакаме да се ослободиме од болестите на минатото против кои актуелната и претходните влади никогаш не се бореа затоа што се дел од тој систем“, објаснува Милиос.

Притоа, отпишувањето на долговите ќе биде итно неопходно, а тоа носи потенцијал за судир со меѓународните кредитори. И покрај сите дискусии, за студентот Јасонас Грција останува дел од еврозоната и од ЕУ.

„Сириза верува дека Европа е нашиот дом. Тоа значи дека ние сакаме да ја промениме Грција и да ја промениме цела Европа“.

Изборите в недела треба да бидат само првиот чекор во тој правец.

Грците се надеваат на промени на изборите