1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW
Образование

Децата во Европа назад во училиште и покрај коронавирусот

БГ /АФП
27 август 2020

И покрај растот на бројот на инфекциите со коронавирус, многу европски земји одлучија по секоја цена да ги вратат децата на училиште. Учебната година ќе почне во првата недела на септември со превентивни мерки.

https://p.dw.com/p/3hZQ8
USA Coronavirus Schulunterricht mit Masken
Фотографија: picture-alliance/AP Photo/The Dayli News/L. Gronnebger

Без оглед на вирусот, властите во европските држави се одлучни да ги вратат децата во училишните клупи, заради нивната добросостојба, но и за да им овозможат на родителите да се вратат на работа. Соочени со раст на бројот на заразени, властите во Франција, Британија, Шпанија и други земји воведуваат задолжително носење маски, вработуваат дополнителни наставници и доградуваат училници.
За разлика од училишната сага во САД која е исполитизирана и хаотична поради обидите на претседателот Доналд Трамп по секоја цена да ги отвори училиштата, европските влади досега не се соочија со голем отпор.
Иако во последниот период вирусот ги нападна училниците од Берлин до Сеул, а некои наставници и родители предупредуваат дека училиштата не се подготвени, европските лидери, без оглед на идеолошката припадност, испраќаат невообичаено конзистентна порака: Дури и во пандемијата, за децата е подобро во училиште.

Време за враќање

Францускиот премиер во средата вети дека „ќе стори се“ за да ги врати граѓаните во училиште и на работа. Британскиот премиер Борис Џонсон го нарече повторното отворање на училиштата „морална обврска“, а неговата влада им се закани со казни на родителите кои ќе ги задржат децата дома. Италијанскиот министер за здравство месецов наеднаш ги затвори дискотеките заради една цел „да се отворат училиштата во септември целосно безбедно“.
Како родител и наставник, Матјо Маијард има зошто да биде загрижен пред отворањето на училиштата во Франција во вторник. Стапката на заразени од коронавирус на 100,000 жители во Франција порасна за пет пати во последниов месец. Како неговата 5-годишна ќерка ќе одржува безбедна дистанца од своите другари кои едвај чека да ги види за првпат по 6 месеци? Како тој ќе ја добие довербата на своите средношколски ученици, во една од најопасните населби во Марсеј, доколку мора да води сметка кој носи маска?
Но севкупно, Маијард смета дека е дојдено време за враќање. „Училиштата мора повторно да отворат во некој момент. Здравствените ризици постојат, но ризикот децата да не тргнат во училиште е уште поголем“. За време на карантинот, вели тој, некои ученици никогаш не се приклучиле на неговите онлајн предавања за француската литература. Дел немале место за учење, други ни компјутер.
„На нашите ученици навистина многу им е потребно училиште. Некои од нив растат во средина која е преплавена со насилство и дрога. Училиштето е место каде што можат да дишат“, вели Маијард.

Во многу училишта веќе се преземени мерки за заштита: станици за дезинфекција на раце, еднонасочни коридори, одвоени смени и паузи. Во некои региони се делат бесплатни компјутери. Во многу земји маските во училишта се задолжителни, но правилата се разликуваат во зависност од возраста.

Во југоисточен Лондон, таткото на три деца Марк Дејвис го поддржува отворањето на училиштата, но стравува што ќе се случи доколку има нов бран на вирусот.

„Сите најавуваат враќање на училиште, но не е доволно само да се надевате дека се ќе биде во ред. Треба да се изработат планови“, вели тој. Досега, владата тврдеше дека училиштата ќе бидат затворени само во краен случај. Но родителите велат дека пораката на владата не е доволно јасна. Повеќето од 11 милиони ученици во Британија не биле во училница од март, а отворањето на училиштата е главна политичка тема. Во Британија досега се евидентирани 41,515 смртни случаи од коронавирус, највисок број во Европа, а владата на Џонсон трпи остри критики поради справувањето со пандемијата.

Хибридна учебна година

Некои училишта во Европа планираат хибридна учебна година, дел со физичко присуство, а дел онлајн. Но повеќето се залагаат за физичко присуство. Тоа е во согласност со препораките на глобалните организации како УНИЦЕФ, која минатата недела соопшти дека најмалку една третина од учениците во светот не можеле да се приклучат кон онлајн наставата за време на карантинот. Организацијата предупредува дека „последиците ќе бидат почувствувани во економиите и општествата со децении“.

Медицинските експерти велат дека ризикот од отворањето на училиштата зависи од тоа колку е раширен Ковид-19 во заедницата и какви превентивни мерки се преземаат.

Како до ефикасна настава преку интернет?

Доказите упатуваат дека малите деца не ја шират лесно болеста, додека децата над 10 години ја пренесуваат исто толку лесно како и возрасните.

Новиот бран на инфекции во Шпанија ги искомпликува плановите на властите за отворање на училиштата. Поради тоа, се преземаат вонредни мерки. Ангажирани се дополнителни 11,000 наставници, се градат привремени училници во дворовите на училиштата, и се создаваат „меури“ во кои учениците можат да комуницираат меѓусебно, но не и со лица однадвор. Но синдикатите на наставниците се жалат на недоволно средства и најавија штрајкови следната недела.

Италија вработува 40,000 дополнителни наставници и порачува дополнителни клупи за учениците, но дел од нив нема да бидат готови до октомври. На родителите и наставниците не им е јасно како тоа ќе функционира кога училиштата ќе отворат на 14 септември. Тие стравуваат од преполни училници и се прашуваат како ќе се обезбеди дистанца од најмалку еден метар.

Протести во Данска

Искуството на Германија може да биде лекција за другите земји. Најмалку 41 од 825 училишта во Берлин пријавија случаи на коронавирус откако започна учебната година овој месец, а илјадници ученици се испратени во домашна изолација. Но Германија е решена да не ги затвора повторно училиштата, па во карантин се испраќаат поединци или цели одделенија.

Во поголемиот дел од Африка, Латинска Америка и во некои од најбројните светски држави како Индија и Бангладеш, училиштата останаа затворени. Во САД, некои училишта организираат мешана настава, а други исклучиво онлајн.

Интересен случај беше забележан во Данска неделава. Во градот Архус, сите средношколци беа испратени дома откако порасна бројот на новозаразени. Но, тинејџерите не се согласија со одлуката, велејќи дека ништо не учат онлајн. Во понеделникот одржаа протести со порака: „Само сакаме да одиме во училиште“.

Ковид-19: Импровизирани прегради за безбеден училишен ден

Прескокни го блокот Повеќе на оваа тема

Повеќе на оваа тема