1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW
Здравје

Европските ковид-пасоши влегуваат во сила од 1 јули

БГ/ ДПА
21 мај 2021

Сертификатот на ЕУ треба да почне да се користи од 1 јули годинава, најави денеска европскиот комесар за правда Дидие Рејндерс. Тоа е добра вест за сите европски граѓани, вели тој.

https://p.dw.com/p/3tmvW
Corona-Pass Europa
Фотографија: Raphael Lafargue/abaca/picture alliance

Во земјите-членки на ЕУ од 1 јули влегува во употреба ковид-пасошот кој треба да овозможи слободно движење на граѓаните. Оние членки кои нема да бидат подготвени да го внесат сертификатот во употреба на наведениот датум, ќе добијат уште 6-неделен грејс период за подготовка. 

Новиот документ ќе им овозможи на граѓаните на ЕУ „да се движат послободно во рамките на ЕУ во целосна здравствена сигурност“, и ќе им даде поддршка на економските сектори кои зависат од слободно движење, соопшти комесарот Рејндерс во Брисел. 
Преговарачи од земјите-членки, Европскиот парламент и Европската комисија ги договориле деталите во четвртокот. 

Ќе бидат издавани три типа на сертификати кои ќе биде бесплатни и ќе може да се бира меѓу хартиени и дигитални. Првиот сертификат ќе биде сведоштво за вакцинација со вакцина одобрена од ЕУ, вториот ќе покажува негативен резултат од тестирање, а третиот ќе содржи податоци за лица кои оздравеле од коронавирусот. Од претходно беше најавено дека земјите-членки ќе имаат право одделно да признаваат и други вакцини кои се уште не се одобрени во ЕУ. 

Откако планот ќе влезе во сила, земјите-членки треба да се воздржуваат од наметнување патни ограничувања или да им наложуваат карантин на патници.
Последен чекор до стапување во сила на ковид-пасошите е одобрување на договорот од страна на националните влади и парламентот на ЕУ. 
Засега нема информации дали и граѓаните на земјите надвор од ЕУ ќе можат да го добиваат овој „ковид-пасош“ и дали ќе се признаваат сертификатите од земји како Северна Македонија. 

Corona-Pass Europa
Граѓаните на ЕУ од 1 јули ќе можат слободно да се движат низ зоната. Фотографија: Maria Laura Antonelli/AGF Foto /Photoshot/picture alliance

Македонскиот министер за здравство Венко Филипче најавувајќи го сертификатот кој ќе го издаваат властите во С. Македонија, денеска рече “дека македонскиот зелен пасош е усогласен со критериумите на европскиот зелен пасош“. На располагање на македонските граѓани ќе им биде и апликација во која ќе може да се скенира ткн. QR код при патување во странство. 
Според објаснувањето кое го даде Филипче вчера, домашната апликација ќе биде многу слична на европската.  

„Тоа е пасош кој електронски преку QR (Кјуар) код и апликација која ќе може да се симне на секој мобилен телефон ќе содржи простор за три податоци- податок за вакцина, односно ревакцина и типот на вкацината, ПЦР тестирањето и податок за соодветна количина на детектирани антитела како доказ за прележана болест“, рече Филипче.  

Прескокни го блокот Повеќе на оваа тема

Повеќе на оваа тема

Покажи повеќе написи