1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Каков предлог носат Силва и Вархеји во Софија и Скопје?

СН/агенции
21 мај 2021

Еврокомесарот за проширување, Вархеји и шефот на португалската дипломатија Силва, според најавите од Брисел, денеска во Софија и во Скопје ќе претстават предлог за деблокирање на ветото на Бугарија за Северна Македонија.

https://p.dw.com/p/3thWx
Nord-Mazedonien: Vor dem Regierungsgebäude in Skopje weht die EU-Flagge
Фотографија: DW/F. Schmitz

Португалскиот министер за надворешни работи Аугусто Сантош Силва, во името на Претседателството со Советот на Европската Унија, и комесарот за соседство и проширување Оливер Вархеји, денеска ќе ги посетат Бугарија и Северна Македонија за да разговараат со властите на двете земји на теми поврзани со процесот на проширување на ЕУ.

Претпладнево во Софија, тие ќе се сретнат со бугарскиот претседател Румен Радев, како и со премиерот и со министерот за надворешни работи во новата влада, а попладне во Скопје со македонскиот претседател Стево Пендаровски, како и со премиерот Зоран Заев, заедно со заменик-претседателот на владата и со министерот за надворешни работи, најави Делегацијата на ЕУ во Скопје.

Portugal Außenminister Augusto Santos Silva
Португалскиот министер за надворешни работи, Аугусто Сантош СилваФотографија: João Carlos/DW

Според најавите од Брисел, португалското претседателство со ЕУ го засилува ангажман да се деблокира процесот и Северна Македонија да ги отпочне преговорите за членство со Унијата. Оливер Вархеји и Аугусто Сантош Силва, кои според ваквите најави, ќе донесат предлог за деблокирање на ветото на Бугарија за Северна Македонија и за одобрување на формалното одржувањето на првата Меѓувладина конференција.

Повеќе:

-Странски служби работеле против Софија во спорот со Скопје

-Холштајн: Проширувањето на ЕУ е заложник на ситни национални интереси на една земја

-Заев: Покажавме повеќе европски вредности од ЕУ

Македонскиот премиерот Зоран Заев завчера од Брисел ја најави ваквата посета додавајжи дека има доволно време да се постигне напредок на релација Скопје-Софија. Но, тој  истакна дека не сака ниту да ги зголемува очекувањата на граѓаните бидејќи Бугарија и натаму располага со право за вето во Советот на ЕУ.

Министерот за надворешни работи, Бујар Османи пак порача дека македонските власти правиме сe за Бугарија да го повлече ветото за започнување на преговорите за членство на Северна Македонија со ЕУ и оти јуни е оптимална шанса за да се случи тоа и покрај тоа што во Софија има службена Влада. 

Nord-Mazedonien Skopje Sitzung der Regierung mit dem Europäischen Kommissar Oliver Varhelyi
Фотографија: Government of North Macedonia

Тој дополни дека земјата се обидува на сите начини да ја врати довербата со Бугарија и е на ставот дека единствен начин односите меѓу двете држави да се вратат во нормала, е навраќање на самиот Договор за пријателство.

Доколку земјите членки на ЕУ постигнат согласност до 22 јуни за Северна Македонија и доколку преговарачката рамка ја задоволува и македонската страна, првата меѓувладина конференција би можела да се одржи помеѓу 22 и 30 јуни годинава.