Како ти на мене, така јас на тебе!
17 март 2018Британците погодени од мерката имаат една недела да ја напуштат земјата, објави руското министерство за надворешни работи. Тоа претходно повторно го повика британскиот амбасадор Лори Бристоу (насловна фотографија). Во минатата среда (14.04.2018), официјален Лондон побара 23 руски дипломати да ја напуштат Британија во рок од една недела.
Повеќе:
-Лавров: Русија ќе протера британски дипломати
-По труењето на Скрипал: Лондон протера руски дипломати
-Агенти и одмазда: смениш ли страна, те чека отров
Но реакцијата на Русија на британските санкции во аферата Скрипал не запира само на протерувањето на дипломатите: Руската влада, исто така, го повлече одобрението за отворање и работа на Генералниот конзулат на Велика Британија во Санкт Петербург. Покрај тоа, културната институција Британски совет за ќе мора да ги прекине своите активности во Русија. Статусот на Британскиот совет не беше јасен, објави руското Министерство за надворешни работи.
Од Кремљ?
Во задината на последните британско-руски тензии е нападот врз поранешниот двоен агент Сергеј Скрипал и неговата ќерка во местото Солсбери во јужна Англија за кој британската премиерка Тереза Меј одговорноста ѝ ја префрли на Москва.
Русија не одговори на британскиот ултиматум да придонесе за разјаснување на обидот за атентат. Германија, Франција и САД заеднички го поддржаа Лондон во обвинуваната против Русија. Москва децидно ги отфрла обвинувањата дека е вмешана во случајот Скрипал. Лондон воведе санкции за Москва за атентатот. Британскиот министер за надворешни работи, Борис Џонсон, посочи дека наредбата за нападот најверојатно е дојдена директно од Кремљ.