1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW
Здравје

Колку е опaсен индискиот сој на коронавирусот?

Гудрун Хајзе
24 април 2021

Новата варијанта на коронавирусот која потекнува од Индија, уште не доволно позната. Но, Б.1.617 предизвикува загриженост во светот. Германија поради опасност од новата варијанта го стопира влезот за патници од Индија.

https://p.dw.com/p/3sVos
Illustration eine Coronavirus-Mutation
Фотографија: DesignIt/Zoonar/picture alliance

Во Индија бројот инфекции со коронавирус расте драматично, трет ден по ред се бележат преку 300.000 нови случаи. Дали за брзиот раст е одговорна новата варијанта на коронавирусот – Б.1.617, никој не може да каже со точност, но претпоставките се дека таа игра улога.

Колкава улога играат ковид-варијантите?

Најчесто, кога инфекциите со Ковид-19 во една земја рапидно растеа, во прашање беше нова вирусна варијанта. Некои експерти уште сега предупредуваат дека индискиот сој претставува некој вид супер-мутација која брзо може да се прошири низ сите континенти. И германскиот стручњак Карл Лаутербах дели слично мислење: „Во Индијасе наѕира нова ковид-катастрофа.“

Новиот индиски сој веќе се појави во низа други земји, меѓу кои и во Германија, Белгија, Велика Британија, Сингапур, Грција, Австралија. Во Велика Британија според надлежните власти има најмалку 80 случаи од индиската варијанта.

Зошто индискиот сој на коронавирусот може да биде опасен?

Во варијантата Б.1.617 се наоѓаат две мутации од тн.н спајк протеин. Тој, така да се рече, го олеснува влезот на опасниот САРС-КоВ-2 во телото и овозможува на тој начин инфекција. Можно е тој побрзо да се шири во телото ако им избега на антителата кои ги создава имунолошкиот систем или вакцината.

Постои опасност луѓе кои се заздравени по инфекција со коронавирус, но и вакцинираните, да се помалку заштитени и да можат да се заразат со индискиот сој, почесто отколку што е тоа случај со другите вирусни варијанти.

Посебностите на индиската мутација

Мутациите на индиската варијанта носат ознака E484Q/E484K. Тие не се непознати промени, се јавија уште кај јужноафрикансата варијанта Б.1.353 и кај бразилската П1. Во одредени случаи мутацијата можеше да биде докажана и кај британската варијанта Б.1.1.7.

Индија: Новиот бран на коронавирус наликува на цунами

Мутацијата Л452Р напротив е констатирана кај калифорниската варијанта  Б.1.429, таа била докажана и во линија која циркулира во Германија.

Различни проценки

Светската здравствена организација ја сврсти индиската варијанта во категоријата на набљудувани, но засега не ја смета и за посебно опасна. И д-р Џефри Берет, директор на Ковид-19 геномика иницијативата на Институтот Сенгер, смета дека индиската варијанта во последните месеци не се распространила толку многу, па оттаму веројатно не е толку пренослива како британската варијанта Б.1.1.7.

Други научници имаат сосема поинакво мислења, а развојот на случувањата се чини им дава за право. Во индиската држава Махараштра во меѓувреме преку 60 проценти од инфекциите со коронавирус отпаѓаат на мутацијата Б.1.617. Сепак, индиските власти не се сигурни дали порастот на бројот на инфицирани се должи само на варијантата Б.1.617.