1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW
Здравје

Експерти зачудени од изјавите на Џонсон за поголема смртност

ЕМФ | агенции
23 јануари 2021

Мутираниот коронавирус од Велика Британија се шири побрзо и, според премиерот Џонсон, е и посмртоносен. Ескпертите преудпредуваат: за да се даде прецизен став околу тоа, потребни се уште податоци.

https://p.dw.com/p/3oKLt
UK Corona-Pandemie | PK Boris Johnson
Фотографија: Leon Neal/Getty Images

Во Велика Британија се разгоре дебата околу опасноста на новиот коронавирус B.1.1.7. Премиерот Борис Џонсон вчера изјави дека има „индиции“ оти оваа варијанта на коронавирус, чие присуство беше прво докажано во Велика Британија, е не само позаразна, туку „се поврзува и со повисока стапка на смртност“.

Британските експерти се зачудени од ваквите изјави на Џонсон. Ивон Дојл, медицинска директорка на британската Национална здравствена служба, за Би-Би-Си Радио 4 изјави дека „не е сосема јасно“ дека мутацијата на вирусот е поопасна и води до поголема смртност. Во моментов, вели Дојл, се прават истражувања. Според неа, постојат извесни индиции, но „се работи само за мал број случаи и е прерано да се каже што навистина од тоа ќе произлезе“. Таа додава дека е прерано да се презентира резултат веќе сега.

Повеќе:

СЗО: Британската корона-мутација досега потврдена во 50 земји

Мутираниот коронавирус од Велика Британија „долета“ и во Германија

Велика Британија: Првата вакцина против корона ја доби 90-годишната Маргарет

Научникот Мајк Тилдесли, член на експертското тело Sage, за Би-Би-Си изјави дека е прерано за прецизни изјави. „Радо би почекал една до две недели и малку би анализирал пред да давам навистина силни заклучоци“, изјави тој. Бројот на смртни случаи е благо зголемен, од 10 на 13, вели Тилдесли, „но тоа се заснова на многу малку податоци“. Тилдесли е изненаден што премиерот Џонсон ја објавил информацијата на прес-конференција. „Се плашам дека избрзано јавуваме за некои работи, а податоците се' уште не се особено цврсти.“

UK Corona-Pandemie | Anlieferung Krankenhaus
Досега е јасно само дека мутираниот коронавирус е позаразен, а со тоа автоматски се зголемува и бројот на смртни случаи, велат експертитеФотографија: Daniel Leal-Olivas/Getty Images/AFP

И Светската здравствена организација реагираше воздржано на вестите од Лондон. Според Мајк Рајан, директор на Ургентната здравствена програма на СЗО, на организацијата досега не и' се доставени докази за поголема смртност од мутацијата на вирусот. Досега е јасно само дека таа е позаразна, а со тоа автоматски се зголемува и бројот на смртни случаи. „Растечката инциденција води до повисока смртност“, објасни Рајан.