1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW
Здравје

Велика Британија: Првата вакцина за 90-годишната Маргарет

Кристијан Валц
8 декември 2020

Велика Британија денеска почна со вакцинирање против коронавирус. Први на ред се лицата над 80 години. Вакцинирањето не е задолжително. Против обврска за вакцинирање е и СЗО.

https://p.dw.com/p/3mOT1
Großbritannien Coronavirus Covid-19 Impfung
Маргарет Кинан прва прими вакцинаФотографија: Jacob King/PA Wire/empics/picture alliance

Светската здравствена организација се изјасни против задолжително вакцинирање против коронавирус. „Не мислам дека прописите, особено кај оваа акцина, се вистинскиот пат“, изјави експертката за вакцини на СЗО, Кејт О'Брајен во Женева. Давање обврска за вакцинирање, или инсистирање на тоа, би можело да има смисла за одредени професии, како медицинскиот персонал во одделенијата за интензивна нега. Но, има примери каде обврска за вакцинирање дава спротивен ефект и не води до повисока стапка на имунизација на населението.

„Би било подобро кога на луѓето би им ги претставиле податоците и предностите и би ги оставиле самите да одлучат“, додава и координаторот на СЗО за итна помош Мајк Рајан. Сепак, нагласува тој, постојат околности во кои вакцината е единствената одговорна опција.

USA Coronavirus Impfstoff-Test
И СЗО смета дека вакцината не треба да биде задолжителнаФотографија: H. Pennink/AP Photo/picture-alliance

Дебатата за тоа дали вакцината протв корона треба да биде задолжителна се води различно во различни држави. ВоГерманијавладата повеќепати отфрли можност за задолжитено вакцинирање. „Ви давам збор: нема да има обврска за вакцинирање во оваа пандемија“, нагласи министерот за здравство Јенс Шпан во Бундестагот.

Скептиците, меѓутоа, стравуваат дека владата би можела да го промени ставот доколку во земјата не се вакцинираат онолку луѓе колку што се очекува. Противниците на вакцината укажуваат на можни несакани дејства и последици кои би можеле да се јават подоцна, особено во случаи на скратени фази на тестирање и издавање дозволи. Се изразува и загриженост дека е можно да постои „индиректна обврска за вакцинирање“, со тоа што лица кои немаат доказ дека ја примиле вакцината не би можеле да извршуваат одредени дејности.

#dw_BalkanBooster: Пандемијата и младите

Повеќе:

Вакцина против корона: Ќе извиси ли југот?

Вакцина за коронавирус– одговори на најважните прашања

Вакцинација против коронавирус во ЕУ - од јануари

90-годишната Маргарет се вакцинираше прва

Во меѓувреме, во Велика Британија почна вакцинирањето против коронавирус. Според наводи на владата во Лондон, во првата фаза би требало да се дадат 800.000 дози вакцини на Бионтек/Фајзер. Прво се вакцинираат лицата над 80 години и здравствениот персонал и негувателите кои се вбројуваат во групи со висок ризик. 90-годишната Маргарет Кинан денеска прва ја прими вакцината во болница во Ковентри.

England | Coronavirus | erste landesweite Impfungen
Кинан: Се чувствувам неверојатно привилегирана што сум прва личност вакцинирана против Ковид-19Фотографија: Jacob King/AP Photo/picture alliance

Кинан е првото лице во ЕУ кое добило вакцина надвор од клиничките студии. „Се чувствувам неверојатно привилегирана што сум прва личност вакцинирана против Ковид-19“, изјави Кинан.

Според медиумите, намера да се вакцинираат набрзо имаат и 94-годишната кралица Елизабет и нејзиниот 99-годишен сопруг Филип, со цел да направат „силна противтежа на движењето на антиваксери“.

Велика Британија со над 61.000 починати, е земја во ЕУ која е најмногу погодена од Ковид-19. Таа даде дозвола за вакцината на Бионтек/Фајзер пред другите европски земји и пред САД.