1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW
Здравје

Кога коронавирусот дојде во Германија

27 јануари 2021

Помина точно една година откако во Германија е регистриран првиот инфициран со коронавирус, 365 денови кои, како и во остатокот од светот, променија се' во земјата.

https://p.dw.com/p/3oT0H
Symbolbild I Verlängerung des Lockdowns in Deutschland
Фотографија: Jens Büttner/dpa/picture alliance

Беше 27 јануари 2020 година. И не беше спектакуларно. Но, вирусот беше тука. Во фирма од Штарнберг, Баварија, која има блиски контакти со Кина, еден од вработените е позитивен на новиот коронавирус. Оттогаш во Германија веќе ништо не е исто како што беше.

И во Германија луѓето престануваат да се ракуваат, да се прегрнуваат. Остануваат дома и избегнуваат контакти. Со секојдневието доминираат нови изборови - репродукциски коефициент, инциденција и карантин, преоптовареност на креветите за интензивна нега, претерана смртност, правила на одржување на хигиена и дистанца. На 27 јануари 2020 година само инсајдерите знаат дека институтот „Роберт Кох“ е главна институција за борба против зарази. Една година подоцна тоа го знае секој во земјата. Виролозите, како Кристијан Дростен од берлинската клиника Шарите, стануваат познати лица. Сојузниот министер за здравство Јенс Шпан е со рекорден рејтинг, меѓу другото и затоа што рано осознава дека во пандемијата ќе има победници и губитници.

На 23 април Шпан во Бундестагот вели: „За неколку месеци веројатно ќе треба да си простиме многу работи едни на други.“ Сега, во јануари 2021-ва, министерот за ДВ околу почетокот на пандемијата нагласува: „Уште тогаш сериозно ги сфативме работите и сите системи ги насочивме кон тоа. Но, дека сето тоа ќе се развие во форма како денес, за Германија, за Европа, за светот во 12 месеци, мислам дека никој не очекуваше. И, тоа до денес не' окупира.“

Во Германија досега смртта на над 50.000 луѓе се поврзува со коронавирусот. А, вирусот се' уште „ја држи земјата цврсто в рака“.

Прв смртен случај, прво жариште

На почетокот на 2020 година, сето тоа се чинеше далеку од Германија. Но, тоа брзо се промени. На 8 март, е регистриран првиот смртен случај од Ковид-19. На 10 март, инфекции се регистрирани во сите 16 сојузни покраини. Градот Хајнсберг, во покраината Северна Рајна Вестфалија, по прославата на карневалот станува првото жариште на корона во Германија.

На 18 март, канцеларката Ангела Меркел и' се обраќа на нацијата преку телевизија. Нејзините зборови не можат да бидат подраматични: „Ситуацијата е сериозна. Сфатете ја сериозно. Од повторното обединување на Германија, не, од Втората светска војна, нашата земја не се соочила со предизвик во кој е толку важна нашата заедничка солидарност.“

Deutschland Berlin | Coronavirus | Ansprache Angela Merkel, Bundeskanzlerin
Канцеларката Ангела Меркел на 18 март 2020-та и' се обрати на нацијата: „Ситуацијата е сериозна“Фотографија: Imago Images/R. Wölk

Драматична ситуација, драматични мерки

Неколку дена по драматичните зборови следуваа драматични мерки, а луѓето научија нов збор: локдаун, или заклучување. Затворени беа рестораните и кината, училиштата и градинките, економијата замре речиси целосно. Парламент по итна постапка усвои огроменпакет економска помош од 156 милијарди евра. Во време на корона-пандемијата не може да се штеди. Одморите се откажани. Многу луѓе ги собираат своите први искуства со работа од дома.

Супермаркетите остануваат отворени, но можат да се користат само со маска. И, луѓето купуваат големи резерви храна, но итоалетна хартија.

Сликите од градовите погодени од епидемијата во северна Италија предизвикуваат страв. Речиси никој не познава некој кој е заразен, особено не некој починат, но стравот се шири се' повеќе и повеќе.

Hamsterkäufe | Siegen: Mann trägt Toilettenpapier und Küchenrolle
Зошто се складираше толку многу тоалетна хартија?Фотографија: Rene Traut/dpa/picture-alliance

Нови херои

Се раѓаат нови херои - вработените во супермаркетите, лекарите и другиот медицински персонал во болниците. Луѓето излегуваат на своите балкони и им аплаудираатна овие херои, секоја вечер.

Сега, на почетокот на 2021 година, многу од негувателите се при крај на своите сили. Франц Вагнер е претседател на Германскиот сојуз на негуватели. Во интервју за ДВ, за првата година од пандемијата тој вели: „Оптоварувањето е многу, многу големо. Од една страна, има голем притисок на работа, бидејќи многу колеги треба да бидат испратени барем во карантин, или во последните недели е голем број бројот на новоинфицирани. А, тука е и искуството со висока стапка на смртност, на пример во одделите за интензивна нега и во домовите за стари лица “.

Deutschland Essen Krankenschwester Intensivstation
Една година потоа, голем дел од медицинскиот персонал е при крај со силитеФотографија: Ina Fassbender/AFP/Getty Images

Успешен локдаун

Но, локдаунот во март 2020 година функционира. Бројот на инфекции се намали, Германците сметаат дека владата презема добри мерки. Од странство доаѓаат пофалби за германската ефикасност и јасност. Скоро сите граѓани ги прифатија рестриктивните мерки. Тие не се толку строги како во Италија, Шпанија или Франција. На луѓето им е дозволено да се состануваат со помал број луѓе. Слободата на движење е речиси неограничена. Многумина возат велосипеди. Здравствениот систем не е преоптоварен како во некои други земји.

Доаѓа летото. Бројот на инфекции се намалува, ограничувањата се олабавуваат. А, политиката прави тешка грешка - се опушта поради постигнатите успеси.

Deutschland | Coronavirus | Insel Usedom
Летото донесе опуштање - голема грешкаФотографија: photo2000/imago images

Една германска компанија развива вакцина

Фирмата Бионтек од Мајнц одамна сигнализира дека е оптимист оти наскоро ќе има вакцина против вирусот. Бионтек соработува со американскиот фармацевтски концерн Фајзер. САД во текот на летото нарачуваат милиони дози од вакцината. Европа се колеба, има правни задршки - и се потпира на повеќе производители.

Додека Ангела Меркел останува скептична во врска со понатамошниот развој на пандемијата, голем број покраински премиери бараат побрзо олеснување на рестриктивните мерки. И ова се случува, чекор по чекор: се отвораат училиштата, рестораните со хигиенски услови, се рестартира економијата. Во мај, бројот на нови инфекции во Германија неколку дена по ред беше помал од 1.000.

Веќе во текот на пролетта доаѓа до први демонстрации против рестрикциите за граѓаните. Групата „Кверденкен“ ги смета мерките за неприфатливо ограничување на слободата.

Кон крајот на август, полицијата во Берлин, поради непочитување на хигиенските прописи, растура демонстрации на кои има речиси 40.000 учесници. Протестираат „кверденкерите“ (кверденкер - оној кој мисли поинаку, неконвенционален мислител кој размислува искосено, а не по утврдени патеки, н.з.), како и екстремно десничарските групи и таканаречените граѓани на Рајхот. Некои се обидуваат да ги окупираат скалите на зградата на Рајхстагот (каде се наоѓа Сојузниот парламент).

Но, повеќето Германци уживаат во летото - иако со некои ограничувања и со маски. Тие се препуштаат на чувството дека најлошото е минато.

Deutschland Protest gegen Corona-Maßnahmen Berlin
Демонстранти на скалите на Рајхстагот на 29 август 2020: Десни есктремисти и таканаречени граѓани на РајхотФотографија: picture-alliance/dpa/F. Sommer

Втор бран

Вториот бран на пандемијата пристигнува наесен. Веќе на почетокот на август, бројот на нови инфекции расте на повеќе од 1.000 дневно. Во средината на септември има 2.000 нови инфекции, на 8 октомври - 4.000. Кон крајот на септември, канцеларката Ангела Меркел предупредува дека доколку не се преземе ништо, Германија на Божик ќе има 20.000 нови инфекции дневно.

Тој број е постигнат многу порано. Вториот локдаун доаѓа на почетокот на ноември, контактите се ограничени на две домаќинства, гастрономите и хотелиерите треба да ги затворат вратите повторно. Но, економијата не престанува да работи, а и училиштата во прво време остануваат отворени. На крајот на годината конечно започнува вакцинацијата во Германија - со вакцината развиена од Бионтек и Фајзер - две недели подоцна отколку во Англија. Европската унија си остави повеќе време за постапката за давање дозвола.

Вакцинирањето се одвива бавно, логистиката е комплицирана, производството е недоволно. Германија веќе одамна не е пример за успешна борба против вирусот. Како пример се наведуваат други земји, на пример Израел, кој во рекорден рок го вакцинира своето население.

Ангела Меркел во Берлин вели: „Оваа пандемија е катастрофа на векот во смисла на природна катастрофа. Пандемијата, со право, сите ја доживуваат како претежок предизвик.“

Deutschland Coronavirus - Stuttgart
Повторно заострени рестрикции во земјатаФотографија: Sebastian Gollnow/dpa/picture alliance

Рестрикциите повторно се построги, официјално до средината на февруари. Рака на срце, локдаунот покажува резултати, бројот на нови инфекции благо опаѓа. Но, се појавува страв од мутација на вирусот која наводно е многу позаразна. Бројот на смртни случаи е застрашувачки висок, особено во домовите за стари лица.

Владата ветува дека до есен ќе може да се вакцинираат сите Германци. Дотогаш ќе помине година и половина од првиот случај на коронавирус во Германија, на 27 јануари 2020 година.

Прескокни го блокот Повеќе на оваа тема

Повеќе на оваа тема

Покажи повеќе написи