1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Повратете си ја ЕУ- пред Бенон да ја приграби

Раду Магдин
28 јули 2018

За да успеат во политичката битка со популистите и националистите, на етаблираните европски партии им е потребна храброст за обнова, пишува романскиот политички аналитичар Раду Магдин. И емоциите, играат голема улога.

https://p.dw.com/p/32C4e
Europa-Gastkolumnist Radu Magdin
Фотографија: Privat

Врамнотеженоста важи за европска доблест. Но, ние забележуваме дека светот е излезен од рамнотежа - барем според стандардите на изминатите 30 години. Сојузниците се нарекуваат непријатели, секој се фали со диверзификација, бидејќи ширум светот во воздухот лежи чувство на несигурност. Во Брисел и во другите главни градови на земјите од ЕУ се повеќе се зборува за проширените европски надлежности и суверенитетот. Како ретко досега имаше отворени провокации против европскиот проект, со охрабрувањата на Доналд Трамп за „излез" од ЕУ или со најавите на Стив Бенон дека ќе основа фондација во Европа, која се надева дека ќе придонесе за распространување на десничарскиот популизам. За Европејците, и пред сѐ за политичарите на ЕУ  од етаблираните партии, дојде време да помогнат Европа да си ја поврати големината - согласно мотото: „Направете ја Европа, повторно голема“ Тие треба да си го повратар својот континент пред луѓето како Бенон да го сторат тоа. Трите главни европски партиски семејства - Европската народна партија (ЕПП), Партијата на европските социјалисти (ПЕС) и Алијансата на либерали и демократи за Европа (АЛДЕ) -  се исправени пред европските избори во мај 2019 година. Затоа уште поитно е неопходно враќање на европската „мејнстрим" политика.

Други колумни Моја Европа:

-Моја Европа: Орбан и Нетанјаху - мажјаци кои тераат по свое

-Моја Европа: Помош, седам во автомобил и врескам: Финале!

-Моја Европа: Германија, Турција и бегалците

Европа мора јасно да се позиционира: Дали сме заштитници или реформатори на актуелниот светски поредок, кој е загрозен од Трамп, Русија на Путин и од други земји? Зборовите на писателот Џузепе Томаси ди Лампедуза од романот „Леопард" ја содржат поентата: „Ако сакаме работите да останат какви што се, потребни ни се промени". Затоа мора да се  поздрават реформите.

Етаблираните актери во европската политика мора да ја обноват својата способност да го насочат политичкиот наратив. За ова им е потребна комплетна стратегија врз основа на три принципи: реконструкција, прераспоредување и реформулација. За ова е неопходна фантазија и храброст, како и паметна стратегија за спречување на успехот на претставниците на маргините на политичкиот спектар.

Потребен ни е нов општествен договор

Европските партии, како што се ЕПП, ПЕС и АЛДЕ, мора да сфатат дека е од суштинско значење да се преиспитаат општествениот договор и актуелниот општествен модел модел. Овие обновувања потоа треба да доведат до конкретни мерки на политиката. Во секоја изборна кампања постои закана дека ќе бидат заклани "светите крави" на либералната демократија: затоа треба да се запрашаме како нашите демократии се постапуваат со повратните информации од граѓаните. Гласачите се незадоволни од распределбата на добивката од глобализацијата и расклопувањето на безбедносната мрежа во услови на интернационализација и слободно движење на капиталот.

Frankreich Steve Bannon und Marine Le Pen in Lille
Фотографија: Getty Images/S. Lefevre

Нееднаквоста не е празен слоган, туку реалност. Оние кои на политичко ниво ѝ натаму ја игнорираат ќе платат висока цена. Првиот и најважен чекор за обновување на „мејнстрим“ политиката би можело да биде запирањето на механизмите на вградениот неолиберализам и изнаоѓање на функционирачка рамнотежа помеѓу силите на пазарите и општеството. Треба да им се обрати внимание на темите кои се важни за луѓето : Како да осигуриме глобализацијата да биде добра за сите? Како може подобра миграциска политика да ги намали економски и културолошки стравови на луѓето? Како да се комбинира интернационализмот и економскиот национализам? Ова не се луксузни пропблеми, туку нужди. Општите мудрости и политиката ала ној веќе не се доволни. Потребен ни е нов општествен договор. Мантрата „Европа која заштитува“ може да функционира ако одлучиме дека нападот против рабовите на политичкиот спектар е најдобра стратегија. Неактивноста само ќе доведе до тоа популистите да поентираат во „тврдината Европа.

Да се биде „популарен“, ама не популист

Поентата е да се разобличат поедноставените одговори на радикалните партии за актуелните национални и меѓународни проблеми и  тезите дека има премали разлики помеѓу етаблираните десничарски и левичарски партии. Политичкиот натпревар нуди само уште малку простор за маневрирање, а на „мејнстрим" партиите повеќе не им успева да ги раскажат големите и релевантни приказни. Политиката го напушти јавниот простор и се повлече зад затворени врати, стана техничка, бездушна и емоционална студена. Покрај тоа, таа е сѐ повеќе под влијание на (понекогаш нелегитимни) интересни групи.

Една од најважните лекции од изминатите две децении гласи: политичарите мора да ја повратат нивната релевантност во свеста на граѓаните. Ова може да се случи само ако народните партии ја остават зад себе удобноста на старото единство и да истакнат визии кои не само  што се убедливи, туку и јасно се разликуваат од предлозите на другите политички партии. Потребна е политика која во поголема мерка се потпира на принципи и вредности. Не е лесно да се ре-политизираат темите кои во меѓувреме им се предадени на експерти, и истовремено да се осигура дека тие не го уништуваат минималниот консензус што нам како на демократски општества ни е потребен. Ако се спроведе правилно, оваа стратегија може да ги изолира популистичките и националистичките сили и да го насочи вниманието на гласачите кон новиот центар. Целта гласи: „мејнстрим" политиката треба да стане "популарна" без да падне во стапицата на популизмот.

Нов јазик, повеќе емоции и приказни

Новата политика не е комплетна без нов јазик, нов речник. Треба да обрнеме поголемо внимание на тоа како функционира политичкиот мозок, колку се важни емоциите, митовите и приказните. Повеќе од кога било, потребно е балансирање: мора да раскажуваме колку е комплесен светот во кој живееме ( тако што нарацијата ја правиме покомплицирана и наоѓаме на нови начини да раскажуваме приказни и да решаваме конфликти), но во исто време го применуваме и стариот добар принцип KISS  ("Keep it short and simple! - „Нека биде кратко и едноставно!"). Оваа нова рамнотежа е возможна само со неколку клучни состојки: емоции, емпатија, храброст, одговорност.

За да остане релевантен и да се надмине подемот на популизмот и национализмот, новата "мејнстрим" политика мора да ја усогласи содржината со сликата и стилот. За многумина би било доволно  да ги пронајдат соодветните политички решенија за проблемите кои довеле до тензии и немир меѓу гласачите. Но, тоа не така. Ако заведувањето и надежта не се дел од рецептот (кој Емануел Макрон го доведе до победа), политиката на страв ќе победи. Сигурно дека е возможно и на друг начин да се заживее врската меѓу етаблираната политика и гласачите. Европските избори во таа смисла ќе се претворат во централно бојно поле . ЕПП, ПЕС и АЛДЕ мора да ги исправат грешките ако сакаат да останат водечки политички семејства во Европа.

Раду Магдин е романски аналитичар и политички советник. Меѓу другите, тој ги советуваше премиерот на Романија (2014-2015) и премиерот на Молдавија (2016-2017). Од 2007 до 2012 година работел во Брисел за Европскиот парламент, Еурактив и Гугл. Тој е дел од работната група на „Лидери на НАТО во подем“ на Атлантскиот совет на САД.