1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Мрачни времиња за слободата на медиумите

Хеле Јепесен/ сн3 мај 2016

На денешниот меѓународен ден на слободата на печатот незаобиколлив е фактот дека слободата на медиумите а со тоа и правото на слободно информирање на граѓаните е загрозено насекаде во светот.

https://p.dw.com/p/1IgsM
Фотографија: Getty Images/AFP/P. Lopez

„Ова се мрачни времиња за слободата на мислењето и слободата на печатот како и за човековите права генерално“, вели египетскиот адвокат и борец за човекови права Гамал Еид. Против него и против уште еден борец за човекови права Хосам Багар се води процес во Каиро поради повреда на честа на неговата земја. Исходот на процесот е неизвесен.

„Денес е опасно да се работи како новинар или да се изнесе мислење во роман, на интернет или во весник“, вели Еид за ДВ и истакнува дека тоа се однесува не само на неговата земја туку и на целиот регион на северна Африка и на Блискиот Исток.

Оваа проценка меѓутоа се однесува на целиот свет, покажува извештајот на организацијата Репортери без граници. Во 2015 година животот го загубиле 110 новинари, 27 граѓански новинари и седум други медиумски работници. Извештајот е составен врз основа на сеопфатна анкета и на набљудувања спроведени во 180 земји.

Ägypten Gamal Eid
Гамал ЕидФотографија: Gamal Eid

Во извештајот, насловен „Слободата на печатот во светот во опаѓање“, организацијата го опфаќа негативниот развој во 2015 година. Притоа во Репортери без граници како посебен пример за тоа се издвојува Турција која како што се вели има „влада со автократски тенденции“.

Награда на ДВ за главниот уредник на Хуријет

Во Турција новинарите критични кон владата масовно се изведуваат пред суд, а интернет страниците се блокираат, Годинешниот добитник на наградата на ДВ за слобода на говорот е главниот уредник на весникот Хуријет- Седат Ергин кој како и бројни други новинари е пред суд поради наводна навреда на турскиот претседател Ердоган. Во образложението на генералниот директор на ДВ, Петер Лимбург се вели дека Ергин фи претставува „стотиците новинари во Турција, кои мораат да работат во слично тешки околности“.

И во други земју како Русија , просторот за делување на независните медиуми систематски се ограничува- и тоа како што изгледа успешно. „Формално забрана нема, ама секој знае што треба да каже“, вели независниот руски новинар Александер Пљушчев кој работи за критички ориентираната телевизија „Ехо на Москва“ и како колумнист на руската програма на ДВ.

Блогери го ризикуваат животот

Обидите за задушување на слободата на печатот се разнолики. Во оружените конфликти новинарите спаѓаат меѓу првите жртви. Во земјите со идеологија непријателски настроена кон медиумите на пример Саудиска Арабија и Бангладеш, блогерите го ризикуваат својот живот доколку критички известуваат кон практицирањето на верата.

Саудискиот блогер Раиф Бадави, кој минатата година ја доби наградата Сагаров на Европскиот парламент, како и првата "Freedom of Speech" награда на ДВ е само еден пример за тоа.

Backlashgroup #Backlash Kampagne Raif Badawi
Раиф БадавиФотографија: Backlashgroup

И Дуња Мијатовиќ на развојот на ситуацијата гледа со загриженост. Од 2010 година наваму таа е ополномоштеник за медиуми на ОБСЕ и со зголемена загриженост го следи развојот на настаните во 57 партнерски држави

„Државите на ОБСЕ не се разликуваат премногу од остатокот од светот, кога станува збор за слободата на медиумите и новинарството“, вели Мијатовиќ во интервју за ДВ.

Таа наведува дека посебно антитерористичките мерки во бројни земји ја ограничуваат слободата на медиумите. Одлуката на германската влада пак по желба на Турција поради навредливите песни за турскиот претседател Ердоган да дозволи казнена постапка против сатиричарот Јан Бемерман, Мијатовиќ ја означува како загрижувачка.

Сајбер просторот како воено жариште

Во медиумските слободи спаѓа и интернето. Севкупно дигитализацијата ги прошири можностите не само за професионални новинарски истражувања, туку пред сѐ и за ширење на медиумите, вели Мијатовиќ. Сепак гушењето на медиумите одамна се одвива и дигитално, истакнува таа.

„Ново воено жариште на слободните медиуми е сајбер просторот“, нагласува Мијатовиќ во интервју за ДВ. „Глобализацијата на медиумите и пристапот до информации и новите блогер-новинари ги прават некои влади многу нервозни. И тие се обидуваат да ја задушат дигитализацијата“, вели Мијатовиќ.

OSZE Dunja Mijatovic Medienbeauftragte
Дуња МијатовиќФотографија: OSZE/Colin Peters

Репортери без граници го критикуваат растечкото дигитално надгледување на медиумите во САД од страна на тајните служби и остро го критикуваат прогонот на свиркачите како Едвард Сноуден за време на мандатот на претседателот Барак Обама.