Нови порази за Доналд Трамп
1 декември 2020Клучните американски сојузни држави Аризона и Висконсин официјално ја потврдија победата на Џо Бајден на американските претседателски избори, со што дополнително ја зацврстија победата на демократот над Доналд Трамп, кој сѐ уште не го прифаќа поразот, пренесуваат медиумите.
„Денеска потпишавме документ со кој ги потврдуваме изборните резултати во 2020 во Аризона“, напиша вчера на Твитер Даг Даси, републиканскиот гувернер на оваа сојузна држава која за првпат во речиси 25 години гласаше за демократите.
Лицето одговорно за изборната операција, државната секретарка во Аризона, демократката Кејти Хобс, ги поздрави изборите кои „се водени транспарентно, прецизно и праведно (...) и покрај неоснованите наводи кои зборуваа спротивно“.
Повеќе:
-Трамп размислува за селидба од Белата куќа
-Трамп малку попушти - го започна процесот на пренос на власта
Вчера гувернерот на Висконсин, Тони Еверс, објави дека ги потврдил резултатите на изборите во својата сојузна држава која гласала за Бајден, а во 2016 година го избра Трамп.Аризона ја потврди и победата на демократскиот кандидат во Сенатот, Марк Кели, нагласи Даси.
Потврдата на изборните резултати не значи нужно завршување на тужбата пред судот кон која тежи администрацијата на Доналд Трамп. Аризона дозволува да се оспорат резултатите дури и откако се верифицирани.Тимот на изборната кампања на Доналд Трамп се обиде, досега безуспешно, по судски пат да ги оспори потврдените изборни резултати во клучните сојузни држави во кои победи Бајден.