1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW
Здравје

Пандемијата ја зголемува социјалната нееднаквост

Миодраг Шориќ
11 јуни 2020

Пандемијата на корона ја урива економијата, дури и во Германија. Со тоа се зголемува нееднаквоста, велат социолозите. Главно страдаат жените.

https://p.dw.com/p/3dd9U
Symbolbild Haushaltshilfe
Фотографија: picture-alliance/dpa/F. Kraufmann

Особено погодени се жените, вели Алине Цуко од Институтот за економија и социјала на фондацијата Ханс Беклер. Тие и пред пандемијата заработуваа помалку од мажите, вели таа за ДВ. Па така и затворањето на училиштата и градинките има различен ефект врз жените и мажите. Кога настана кризата многу двојки мораа да донесат одлука кој ќе остане дома за да ги чува децата.

Со оглед на тоа дека жените најчесто заработуваат помалку од мажите, одлуката најчесто се носи од економски побуди. Кога двајцата партнери работат и еден мора да остане дома заради децата, според студијата на Ханс Беклер, значително повеќе жени од мажи се решаваат за децата. „Со тоа постојните нееднаквости со пандемијата уште повеќе се продлабочуваат”, вели Цуко.

Повеќе:

Германија: План од 130 милијарди евра за излез од корона-кризата

Следната генерација Европејци ќе плаќа за актуелната криза

Потешко погодени лицата со ниски приходи

Сличен став има и Катја Меринг, професорка по социологија на универзитетот во Манхајм. За една тековна студија таа со својот тим од март наваму секоја недела анкетира по 3500 лица околу тоа како пандемијата им го променила животот. Според тоа, лицата кои работат само неколку часа неделно во т.н. „мини џоб“ и оние кои извршуваат услуги поврзани со домаќинството најбрзо биле отпуштани. „Жените се посебно погодени”, вели таа за ДВ.

Homeoffice - Arbeitsplatz in der Coronakrise
Додека градинките и училиштата се затворени поради пандемијата, децата дома главно ги чуваат женитеФотографија: Imago/O. Müller

„Кризата делува како дрвце за потпалување на социјална нееднаквост”, вели Анја Пил, членка на претседателството на Сојузот на германски синдиакти. „Кризата особено ги погодува вработените со ниски примања и со низок степен на образование”, вели Пил. Тие во многу случаи не можат да работат од дома. Оној кој пред пандемијата заработувал малку, сега се соочува со уште поголеми загуби во примањата. Наспроти тоа, лица со високи примања поретко морале да ја ограничат својата работа за време на пандемијата. Студијата од Манхајм покажала дека 40 проценти од лицата со повисок степен на стручна спрема можеле да работат и од дома.

Во германската политика доминираат мажите

Загрозени и мигрантите

Здружението сѐ уште не располага со конкретни бројки, но Анја Пил смета дека лица со миграциски бекраунд се во понеповолна положба за добивање отказ. Го наведува примерот на странци чијшто престој во Германија се толерира, а статусот не им е регулиран. Ако ја загубат работата и не најдат за кратко време нова, може како последица и да го загубат правото на толерирање на нивниот престој во земјата. Заради пандемијата германската економија има и помалку места за обука на располагање, што посебно се одразува на млади лица со миграциска позадина, вели Пил, бидејќи тие, како што потврдувале студиите, и онака се соочувале со проблем за наоѓање место за обука.

Независно од пандемијата „мочуриштето со ниски плати” мора да пресуши, бара Пил. Таа бара повисоки плати за негуватели и за лицата со ниски плати. „Ни требаат плати над степенот на сиромаштија”, вели Пил. Лицата на кои им се заканува невработеност мора да добијат можност за доедукација за да се квалификуваат за други активности, вели таа. Синдикалката го поздравува пакетот помош за економијата на владата. Но, таа смета дека сепак ќе расте процентот на невработеност. И тоа ќе ги продлабочи социјалните нееднаквости.

Кој работи не треба да е сиромашен?