1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW
Конфликти

Полските МИГ-29 ги доведоа САД во непријатност

СН/агенции
9 март 2022

Пентагон ја отфрли понудата на Полска за подарување на борбени авиони МиГ-29 кои САД по заобиколен пат би ѝ ги предале на Украина. Ваква идеја на Варшава, наводно ѝ дал токму министерот за надворешни работи на САД.

https://p.dw.com/p/48CcX
Полски авиони од типот МИГ-29 во воздухопловната база во Малборк (архивска фотографија)
Полски авиони од типот МИГ-29 во воздухопловната база во Малборк (архивска фотографија)Фотографија: Cuneyt Karadag/AA/picture alliance

Американското министерство за одбрана оцени дека предлогот на Полска на американската војска да ѝ ги стави на располагање своите авиони МИГ-29, кои Вашингтон потоа би ѝ ги предал на Украина, „не е одржлив“.  „Сметаме дека предлогот на Полска не е одржлив“,  соопшти портпаролот на американското министерство за одбрана Џон Кирби.

Тој оцени оти конкретно таквата акција за воена помош на Украина за време на руската инвазија на земјата, би го довела НАТО во уште посложена ситуација.

Кирби рече оти најавите на Полска дека има намера да испрати 28 авиони во американската база Рамштајн во Германија би покренале загрижувачки изгледи воените авиони да тргнат да летаат од американска и од НАТО база во воздушниот простор кој е спорен во односите со Русија во украинскиот конфликт. „Ќе продолжиме да се консултираме со Полска и со другите наши НАТО сојузници по ова прашање и за тешките логистички предизвици кои тоа ги поставува, но не мислиме оти полскиот предлог е одржлив“, рече Кирби.

Украинци се враќаат во татковината за да се борат

Според него, предложениот подарок за воени авиони би бил поттик за моралот на Украинците кои се под напад на Русија речиси две недели, но тоа претставува и ризик оти војната ќе се прошири надвор од Украина.

Варшава упатува на изјавите на Блинкен

Полска вчера соопшти дека е подготвена итно, без надоместок, да ги стави своите авиони МИГ-29, за кои Украина повеќепати ги молеше земјите од НАТО да ги стават на распологање на САД и да ги испратат во НАТО базата Рамштајн во Германија, од каде би можеле да бидат префрлени во Украина. 

Повеќе: ЕУ со 450 милиони евра ќе купува оружје за Украина, вклучително и борбени авиони

Одлуката е донесена „по изјавата на американскиот државен секретар (Антони Блинкен) за предавање на авиони на Украина“, соопшти министерството за надворешни работи во Варшава. Во исто време, полската влада побара од САД да и обезбедат „користени авиони со исти оперативни способности“ како замена. 

За време на посетата на Молдавија во неделата, Блинкен рече дека САД „активно го разгледуваат прашањето за авионите што Полска може да ѝ ги достави на Украина“. Во исто време, Вашингтон испитува како може да ја пополни празнината „доколку Полска одлучи да ги испорача овие авиони“.

Американскиот министер за надворешни работи, Ентони Блинкен за време на посетата на Молдавија на 6 март
Американскиот министер за надворешни работи, Ентони Блинкен за време на посетата на Молдавија на 6 мартФотографија: OLIVIER DOULIERY/AFP

Полскиот премиер Матеуш Моравјецки истакна дека секоја одлука за давање офанзивно оружје на Украина треба да биде донесена едногласно од целиот НАТО. Не сме подготвени сами да преземеме какви било чекори“, појасни Моравјецки. НАТО-земјата Полска не е дел од војната во Украина.

Русија соопшти оти поддршката на украинските воздушни сили би се сметала за влез во војната и дека на тоа би можело да се возврати.

Американските претставници пак во меѓувреме изјавија дека не биле однапред известени за полската понуда за авионите. Овој предлог не е споменат во разговорите на државниот секретар на САД, Ентони Блинкен, за време на неговата посета на Полска на викендот, изјави едно американско официјално лице запознаено со тие разговори.

Германската министерка за надворешни работи, Аналена Бербок, беше внимателна во врска со инцијативата на Полска. Таа изјави дека мора да се обезбеди војната во Украина да не се прошири на територијата на НАТО.