Русија тестира хиперсонични ракети
25 декември 2021Тестовите се „успешни и без грешка“, изјави рускиот претседател Владимир Путин во телевизиски говор. Тоа за Русија е „голем настан и важен чекор кон зајакнување на руската безбедност и кон поодбрување на нејзините одбранбени капацитети“, рече Путин, кој смета дека неговата земја е загрозена на својата западна граница, пред сѐ од присуството на НАТО.
Вооружувањето е во полн ек
Раководството во Москва во последните години значително го зголеми својот арсенал со оружје. Развојот на хиперсоничната ракета Цирконбеше најавен од страна на Путин во февруари 2019 година. Тогаш тој рече дека ракетата со дострел од 1000 километри може да достигне брзина деветпати поголема од брзината на звукот. Ракетата беше првпат тестирана во октомври 2020 година. Путин тврди дека руските хиперсонични ракети се „непобедливи“.
Хиперсоничните ракети можат да постигнат брзина која е повеќе од петпати поголема од брзината на звукот и со нив може да се маневрира и додека се во лет. Тие може да ја променат својата висина на летање во атмосферата и со тоа да се движат по непредвидливи патеки. Поради тоа вообичаените системи за противвоздушна одбрана можат тешки да ги откријат и пресретнат.
- повеќе: СИПРИ: Бум на вооружувањето и покрај пандемијата
Русија, САД и Кина се во трка за хиперсонични ракети. Еден кинески ракетен тест од летоска неодамна повторно се најде во фокус на медиумите, кога неколку весници информираа дека ракетата со брзина петпати поголема од брзината на звукот и самата исфрлила еден проектил. На хиперсонична технологија работат и Северна Кореја и уште неколку други држави.