1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW
Конфликти

Бум на вооружувањето и покрај пандемијата

Фолкер Витинг
26 април 2021

Без оглед на тоа што глобалната економија слабее поради пандемијата, речиси 2.000 милијарди долари во 2020 се издвоени за вооружување. На прво место се САД и Кина, а Германија „се искачи“ на седмото место во светот.

https://p.dw.com/p/3saOF
MIM-104 Patriot  Raketensystem
Фотографија: FRANK TREVINO/DoD/picture-alliance

Волку пари за војска не се потрошени уште од 1988 година, а тогаш тоа беше времето на Студената војна. Минатата 2020 година државите во светот вложиле 1981 милијарди долари во ракети, тенкови, муниција и сопствената војска. Тоа се 2,6 отсто повеќе отколку пред една година. И сето ова и покрај пандемијата со коронавирусот чие сузбивање предизвика економски колапс.

Меѓународниот институт од Стокхолм (СИПРИ) во најновиот годишен извештај наведува дека средствата издвоени за вооружување се 2,4% од глобалното економско производство. И тоа и покрај проценките на Меѓународниот монетарен фонд што производството поради корона е намалено за 4,4%.

Не се штеди на вооружување во пандемија

Само неколку земји, како Чиле или Јужна Кореја ги намалиле средствата наменети за вооружување и ги пренамениле за справување со пандемијата. Бразил и Русија пак во споредба со претходните планови исто така го намалиле воениот буџет. На пример Русија за  6,6%.

Infografik Welche Länder geben am meisten für Militär aus? 2021 DE
Кои земји трошат најмногу за оружје?

Експертката на СИПРИ, Александра Маркштејнер за ДВ заклучува дека „пандемијата немала значително влијание на глобалното издвојување за оружје во 2020 година. Вложувањето во војската е зголемено и покрај економскиот пад.“

Повеќе:

-Фотографија на денот: За трговците со оружје, пандемија нема

-Почеток на крајот на атомското вооружување?

-Светот „гори“, трговијата со оружје цвета

Никлас Шеринг од Хесенската фондација за истражување на мир и конфликти (ХСФК) е уверен дека е тоа и поради фактот што е многу тешко „во кус рок да се промени курсот“. Тој за ДВ вели: „Многу проекти се веројатно започнати уште пред короната.“ Промена секако ќе има и во иднина. „Истовремено меѓународната клима е влошена“, додава Шеринг и нагласува дека ниту во иднина не треба да се смета на намалување на вложувањето во вооружување.

САД и Кина на прво место

Ништо не се променило ниту во однос на тоа дека САД и Кина и понатаму се водечки според вложувањето во армијата. Повеќе од половина од глобалните трошоци за вооружување отпаѓаат на овие две земји кои политички гледано се повеќе се оддалечуваат.

China l Militärparade zur Feier des 70. Jahrestages der Gründung der Volksrepublik China
Фотографија: picture alliance/Photoshot/L. Xiao

И Германија која е меѓу „топ 10“ земјите кои најмногу трошат на оружје „се подобрила“ за едно место – сега е на седмата позиција. Според анализите на СИПРИ, Германија во 2020 година во армијата вложила 53 милијарди долари – односно околу 1,4% од БДП. Оваа земја, сепак не ја постигна целта поставена од НАТО за 2% од БДП. На почетокот на 60те, за време на кулминацијата на Студената војна, Германија издвојувала 5% од БДП за одбрана.

Никлас Шеринг прогнозира дека Германија ќе продолжи со поголеми вложувања во војската. „Притисокот од Бајден врз сојузниците да се зголеми издвојување на средства за војската нема да ослабне“.

Сѐ повеќе НАТО земји ја достигнуваат целта од два насто

Според извештајот на СИПРИ, речиси сите 30 членки на НАТО во 2020 година ги зголемиле трошоците за вооружување. Но, пандемијата на коронавирусот, во овој контекст доведе до еден чуден феномен: поради короната опадна БДП во многу земји, а истовремено буџетите за одбрана и армија останаа непроменети – тоа всушност значи дека трошоците за вооружување се зголемени.

Flugzeugträger Theodore Roosevelt | U.S. F-18 Kampfjet
Фотографија: Jim Gomez/AP Photo/picture alliance

Сега 12 земји членки на НАТО ја достигнаа целта од 2%. Во 2019 беа само девет. Само за пример, меѓу новите земји на оваа листа е и Франција. Се на се и понатаму половина од глобалната потрошувачка за оружје е на конто на НАТО земјите членки, вклучително и САД.

Кривата за потрошувачката на вооружувањето во Кина констатно расте веќе 26 години. Во периодот од 2011 година до 2020, СИПРИ им пресметал раст за оваа стапка од 76%. Инстититутот тоа го објаснува со амбициозните планови на Кина за модернизација на системите за вооружување, како и со „плановите за проширување.“

Трка во вооружување меѓу САД и Кина?

Најголем конкурент на Кина се САД кои со 39 проценти имаат далеку најголеми издатоци за наоружување во светот. Изразено во апсолутни бројки тоа се 778 милијарди долари, што е повеќе од вкупниот буџет на Германија. И тоа е за 4,4 проценти повеќе од минатата година. СИПРИ ваквото зголемување го објаснува со инвестирањето во обнова на нуклеарниот арсенал.

Втора причина според нив е чувството на загрозеност. Се работи пред се, како што појаснува Александра Маркштејнер од СИПРИ, за „стравови од стратешките конкуренти Кина и Русија“.