1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Рускиот опозиционер Алексеј Навални повторно осуден

ЖА / агенции
22 март 2022

Судот го прогласи Алексеј Навални виновен за „измама од големи размери“ и му одреди затворска казна од девет години. Опозициониот политичар важи за најпознат критичар на рускиот претседател Владимир Путин.

https://p.dw.com/p/48pP6
Russland Petushki | Gefängnis | Alexei Nawalny
Фотографија: Denis Kaminev/AP Photo/picture alliance

Според судијката Маргарита Котова, Алексеј Навални „извршил измама, односно кражба на туѓ имот со измама и со злоупотреба на довербата“. Во пресудата стои дека станува збор за дело „измама од особено големи размери“, а обвинетиот е осуден по сите четири точки од обвинението, меѓу другото и за непочитување на судот.

Висината на казната е девет години, a Обвинителството бараше 13 години затвор.

Адвокатите на Алексеј Навални  сметаат дека процесот е политички мотивиран и бараа ослободителна пресуда за својот клиент.  Навални овојпат беше обвинет за наводно проневерување на пари од својата, лани во Русија забранета,  анти-корупциска фондација  и поради навреда на една судијка во претходна судска постапка. Истражителите го обвинија дека уплатените донирани пари во висина од еден милион евра ги користел за лични цели. 

Козаци го нападнаа Навални

Навални  моментно издржува двоиполгодишна затворска казна поради наводна измама во околу 100 километри од Москва оддалечениот казнен логор Покров. Сегашниот процес против познатиот опозициски политичар се одржа во оваа казнена колонија.

Путин сака да го држи Навални во затвор"

Тимот на критичарот на Кремљ во судската постапка гледа натамошен обид на руското правосудство за замолчување на Навални. Путин сака Навални да го задржи засекогаш во затвор, изјави портпаролката на опозиционерот, Кира Јармуш.

Таа тврди дека Путин му се одмаздува на  Навални,  „откако не му успеало да го убие“. Противникот на Кремљ во август 2020 година одвај преживеа напад со отровот Новичок. По неговиот третман во берлинската болница „Шарите“, во средината на јануари 2021 година се врати во Русија. Навални беше уапсен уште на аеродромот во Москва, со образложение дека прекршил одредби од претходна кривична постапка.

(*Текстот е актуелизиран по објавувањето на висината на затворската казна)