Страв за Кабул- САД ги засилуваат трупите
13 август 2021Талибанците денеска го зазедоа Лашкар Гах, главниот град на провинцијата Хелманд на југот од Авганистан, соопштија авганистански безбедносни извори.
Талибанците, исто така, соопштија дека ја презеле контролата врз градот откако претходно прифатија 48-часовен прекин на огнот за евакуација на армијата и цивилните службеници.
За осум дена, Талибанците окупираа речиси половина од главните градови на авганистанските провинции.
Пред денешното освојување на Лашкар Гах, талибанците вчера го зазедоа вториот по големина град во Авганистан, Кандахар, што претставува тежок удар за владата, а голема победа за талибанците. Градот претходно беше упориште на талибанците, а стратешки е важен како трговски центар.
„По тешките борби доцна синоќа, талибанците презедоа контрола над градот Кандахар“, изјави локален претставник за агенцијата Ројтерс.
Повеќе:
-Талибанците напредуваат – вината не ја одминува ни Германија
-Продолжува блиц-офанзивата на талибанците во северен Авганистан
-Загриженост по одлуката на Бајден за повлекување од Авганистан
Непосредно пред Кандахар исламистичките бунтовници во врза офанзива ги освоија и големите градови по Херат и Газни. Тие веќе ги контролираат поголемиот дел од северот, западниот и јужниот дел на земјата. Кабул, Мазар-Шариф и Џалалабад се преостанатите три големи градови кои сѐ уште се под контрола на владата.
Во меѓувреме САД соопштија дека повторно ќе испратат речиси 3.000 војници во Авганистан за да помогнат во евакуација на персоналот од американската амбасада. Американски војници ќе бидат распоредени на аеродромот во Кабул за да помогнат во евакуацијата на вработените, кои се во „значителен“ број, на посебни летови, а истовремено Вашингтон ќе ја забрза евакуацијата на преведувачите и другите авганистански помошници на американската војска на кои би можела да им се заканува одмазда доколу талибанците ја преземат власта и поради тоа се воведуваат дневни летови од Кабул, изјави за новинарите портпаролот на Стејт департментот, Нед Прајс.
Дополнителните 3000 војници ќе му се придружат на контигентот од околу 650 Американци кои се наоѓаат сѐ уште во Авганистан, а уште 3.500 војници ќе бидат испратени во Кувајт да бидат подготвени да се испратат како засилување во случај да се влоши ситуацијата во Кабул, изјави портпаролот на Пентагон, Џон Кирби.
Велика Британија, исто така, наведе дека краткорочно ќе распоради околу 600 војници да им пружат поддршка на британските државјани кои го напуштаат Авганистан. Бројот на пресоналот кој работи во британската амбасада во Кабул е сведен на основниот тим.