Трамп се заканува со долга блокада
5 јануари 2019Веќе две недели, делови од администрацијата на САД се парализирани. Причината за тоа е огорчениот спор меѓу претседателот Трамп и опозициските демократи во врска со финансирањето на ѕидот на границата со Мексико. По уште еден неуспешен состанок со водечки претставници од американскиот Конгрес, американскиот претседател се закани со сценарио за блокада од месеци или дури и години.
„Не верувам дека така ќе испадне, но јас сум подготвен", рече Трамп. Тој се надева дека таканаречениот „шатдаун“ ќе трае уште неколку дена.
Повеќе:
-Трамп користи стари трикови во преговорите со Конгресот за буџетот
-„Шатдаун“ во САД: Договор не е на повидок
-Принудни одмори поради ѕидот на Трамп
Претседателот на пресконференцијата по средбата порача дека несогласувањата со членовите на конгресот околу ѕидот кон Мексико, ќе бидат решени побргу отколку што се мисли.
Трамп најави понатамошни преговори за време на викендот, но во различен состав. Потпретседателот на САД, Мајк Пенс, советникот на Трамп и воедно негов зет Џеред Кушнер и министерката за внатрешна безбедност, Керстен Нилсен, ќе бидат дел од преговарачкиот тим на Белата куќа. Конгресмените можат да донесат преговарачи колку што сакаат, рече американскиот претседател.