1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW
Здравје

Филипче не ја исклучува можноста за задолжителна вакцинација

ДТЗ
1 декември 2021

Затворање и нови рестрикции во земјава не се планирани, но не се исклучени. Засега нема да има казни ниту за работниците коишто не сакаат да се вакцинираат.

https://p.dw.com/p/43hHm
Nord-Mazedonien: Venko Filipce, Gesundheitsminister
Фотографија: Regierung Nordmazedonien

Доколку не помогнат апелите на матичните лекари за зголемена вакцинација кај населението, можно е како дополнителна мерка да се размисли и за воведување задолжитена вакцијација, по примерот на околните земји. Министерот за здравство Венко Филипче вели дека засега ќе се почека да се види дали ќе помогне комуникацијата и апелите на матичните лекари. Затворање и нови рестрикции во земјава не се планирани, но не се исклучени.

„Сметам дека дополнителна мерка, во смисла на некаква форма, вакцинацијата да биде задолжителна, а согласно примерите кои ги даваат и другите земји, не е исклучена. Некои земји размислуваат за задолжителна вакцинација“, рече Филипче. 

Опфатот со вакцинација со една доза вакцина до 27 ноември, на полнолетната популација е 58%, а со две дози опфатени се 47% од граѓаните над 18 години. Според бројот на аплицирани вакцини, 39% од целата популација во земјата е вакцинирана, а 38% од популацијата во државата примила две дози вакцина. 

Засега нема казни за невакцинираните работници 

Филипче најави дека засега нема да се спроведува задолжителната вакцинација против Ковид-19 кај здравствените работици, а нема да има и рестриктивни мерки за вработените во државната администрација. Откако Владата не ги усвои предложените рестрикции кои предвидуваа вработените во државни институции да не можат да одат на работа без вакцина или негативен ПЦР-тест, Филипче вели дека се отвораат сериозни прашања како ќе се казни тој што нема да прифати вакцинација. 

„Од друга страна реално, тоа е голем финансиски товар. Што ќе се случи со работници кои не можат да го издржат товарот да прават тестови, а не сакаат да се вакцинираат? Тоа значи дека истите тие компании тие работници треба да ги отпуштат“, вели Филипче. 

-повеќе на темата: Д-р Пановски: И без омикрон, рестриктивни мерки треба да има!

Владата синоќа ја донесе одлуката само за еднократна финансиска награда во висина од 30 денари по пациент за матичните лекари ако достигнат и надминат опфат од 70% со вакцинација на своите пациенти од вкупниот број запишани кај нив, како дел од мерките за поголема имунизација на населението. Матичните лекари ќе го добијат бонусот за пациентите кои ќе се вакцинираат против Ковид-19 на крајот на пролетта или почетокот на летото 2022 година. Филипче вели дека најголем број на пациенти кои ги има еден матичен лекар е 2.500, во просек околу 1.000 пациенти, и дека не е сума која треба да се занемари.