1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

5.000.000.000 евра не се доволни

СН/ агенции
27 декември 2016

На загрозената италијанска банка Монте деи Паски ди Сиена потребни ѝ се далеку повеќе пари отколку што досега се мислеше.

https://p.dw.com/p/2UuK0
Banca Monte dei Paschi di Siena BMPS
Фотографија: Reuters

Европската централна банка утврди финансиски потреби од 8,8 милијарди евра, соопши Монте деи Паски ди Сиена. Досега се поаѓаше од тоа дека на банката како помош ѝ се потребни пет милијарди евра. Финансиската состојба на оваа италијанска банка драстично се влоши на крајот на ноември.

На Монте деи Паски ѝ се заканува да колабира под ридот од гнили кредити. Откако третата по големина финансиска институција во Италија не ги собра потребните пари за санација од доверителите, владата во Рим во минатата недела основаше финансиски фонд за стабилизација на банкарскиот сектор со капитал од 20 милијарди евра. Финансиските средства се замислени за поддршка покрај на Монте деи Паски и на другите банки во криза во земјата. Европската Комисија во Брисел покажа отвореност за обидите за спас на италијанскиот банкарски сектор. Под определени услови, можна е и „превентива рекапитализација“, изјави кратко портпарол на Еврокомисијата.

„Само крајно средство“

Претседателот на германската Бундесбанка, Јенс Вајдман, предупреди дека пред спасувањето на некоја банка од страна на италијанската држава потребно е да се спроведе внимателна проверка. „Државните пари се предвидени само како крајно средство, затоа условите се поставени соодветно високо, изјави Вајдман за денешното издание на германскиот весник „Билд“.

Deutschland Auftakt der deutschen G20-Präsidentschaft 2017
Претседателот на Бундесбанката Јенс ВајдманФотографија: picture alliance/dpa/B. von Jutrczenka

„Во основа ние усвоивме нови правила. Тие треба особено да ги заштитуваат даночните обврзници и да ги држат во одговорност инвеститорите“. Во случајот Монте деи Паски меѓутоа многу прашања остануваат отворени. „За предвидените мерки на италијанската банка, банката мора да биде здрава во сржта“, истакна првиот човек на Бундесбанката. „ Парите не треба да служат за тоа, да се покриваат веќе предвидливи загуби“.