1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Барања за воведување „сиеста“ во Германија

ЕМФ | дпа
18 јули 2023

Медицинските службеници во Германија бараат воведување на еден вид „сиеста“ во топлите месеци, по урнек на јужноевропските земји. Министерот за здравство е „за“.

https://p.dw.com/p/4U39r
Сиеста Германија
„Сиеста“ во топлите денови, бараат медицинските службенициФотографија: Sebastian Kahnert/dpa/picture alliance

Работа наутро, одмор, па повторно работа попладне - ваквиот ритам на работење во жешките денови, добро познат во дел од земјите од јужна Европа, би требало да се прифати и во Германија, сметаат медицинските службеници.

„Кога е жешко, треба да се водиме според начинот на кој работат јужните земји: станувањето рано, продуктивното работење наутро и сиестата напладне е концепт што треба да го усвоиме во летните месеци“, изјави за РНД претседателот на Сојузот на лекари од јавниот здравствен систем, Јоханес Нисен.

„Кога е многу топло, луѓето не се толку ефикасни како вообичаено. Лошиот сон, без ладење во текот на ноќта, води и до проблеми со концентрацијата“. Затоа, сложените работни задачи треба да се завршуваат во раните утрински часови, додава докторот. „Потребни се и доволно вентилатори и полесна облека, дури и ако кодексот на облекување во канцеларија не го дозволува тоа.“ Исто така, важно е да се пие многу повеќе од вообичаено и да се јаде лесна храна во повеќе помали оброци. „Ладната бања на стапалата под работната маса би бил уште еден начин за разладување во домашната канцеларија“, вели Нисен.

Синдикални барања за проценка на ризикот од топлина

Во меѓувреме, Ања Пил од раководството на Германскиот сојуз на синдикати (ДГБ) ги повика работодавците редовно да подготвуваат проценки на ризикот од топлина во текот на летните месеци за да се осигури безбедноста при работа при високи температури. „Работодавците мора да ги заштитат своите вработени од жештините - работата на жештина е стресна за вработените и, во најлош случај, го загрозува нивното здравје“, изјави таа за медиумите од групацијата РНД. „Проценките на опасност се основа за соодветна заштита“. Тоа сѐ уште не е стандард во компаниите, потенцира Пил. Таа зборува за „неуспех на работодавачите, што е целосно неприфатливо со оглед на климатските промени и екстремно топлите лета“. Пил, исто така, бара затворање на канцелариите со температури над 35 степени, освен ако работодавецот не понуди помош, како што се воздушните тушеви.

„сиеста“  Барселона
Ролетните напладне се спуштаат - „сиеста“ во БарселонаФотографија: DW

Лаутербах: Предлогот за „сиеста“ не е лош

Сојузниот министер за здравство Карл Лаутербах смета дека работење со „сиеста“ во топли денови е разумно од здравствени причини. „Сиеста во горештина секако не е лош предлог“, напиша Лаутербах на Твитер.

Сепак, тој не гледа потреба од политика во регулирање на ова прашање. „Работодавачите и вработените треба сами да преговараат за тоа“, смета министерот за здравство. „Од медицински аспект, тоа сигурно е разумно за многу професии.“

Шпанците во битка за спас на сиестата

Прескокни го блокот Повеќе на оваа тема

Повеќе на оваа тема