1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Децата се охрабрија - расте бројот на пријави за насилство

ДТЗ
10 мај 2023

Министерот за образование, Јетон Шаќири за ДВ вели дека се преземаат мерки со училиштата, се разговара и со децата и со родителите за да се спречи насилство.

https://p.dw.com/p/4RA4D
дете насилство
На адресата на МОН пристигнале 20 анономни пријави за насилство и булинг во училиштатаФотографија: Imago Images/blickwinkel

По апелите на надлежните да не се молчи за насилството во училиштата, се поголем број деца се охрабруваат да зборуваат за булингот и непријатностите на коишто се подложени од нивните врсници. Досега на електронската адреса на Министерството за образование и наука ([email protected]) пристигнале 20 пријави за врсничко насилство во МОН. Иако пријавите се анонимни, министерот за образование Јетон Шаќири во изјава за ДВ вели дека се повикуваат директорите на училиштата и се вршат проверки што досега е поставено во одредени случаи на врсничко насилство.

Линијата беше воведена пред помалку од една недела, но надлежните се задоволни од ефектите. Шаќири вели дека за кратко време е постигнато многу, особено во однос на тоа што децата се осмелија да зборуваат за проблемите со коишто се соочувале. 

„Треба да се зборува отворено на оваа тема, но и за поголемата одговорност којашто ја имаат родителите. Тие се оние коишто што одговараат што носи нивното дете во училишниот ранец“, вели министерот, откако во јавноста изминатиот период родители се жалеа дека во одредени училишта се забележани ученици коишто на настава носеле нож. Според Шаќири, родителите се тие коишто треба да им воочат на децата дека е забрането носење на нож на училиште и дека за таквата постапка можат да бидат казнети. 

Анонимни пријави

На адресата која што ја објави МОН, учениците и родителите можат анонимно да пријават меѓуврсничко насилство во училиштата. Ваквата мерка следеше по  експлозијата на насилство во регионот, по што се вклучи алармот и во македонските институции. МОН најави создавање на мрежа од педагози, психолози, социјални работници, во соработка со другите институции коишто ќе постапуваат на терен и ќе се обидат да најдат решение за насилното однесување на децата. 

Јетон Шаќири, министер за образование
Треба да се зборува отворено на оваа тема, но и за поголемата одговорност која што ја имаат родителите. Тие се оние коишто што одговараат што носи нивното дете во училишниот ранец“, вели министерот Јетон ШаќириФотографија: Government of North Macedonia

Листа со препораки

Проблемот на врсничкото насилство ниту е нов, ниту може магично да се реши. Тоа е комплексен и сериозен проблем. Поради тоа, до петок, министерот Шаќири најавува дека ќе биде готова листата со препораки и упатства до училиштата, а веќе во вторник тие треба да се најдат и на владина седница. Веќе се најави можноста да се ограничи користењето на апликацијата ТикТок, поради нејзиното негативно влијание врз младите. Се подготвуваат и нови протоколи коишто се очекува да стапат на сила од новата учебна година, а една од препораките за која што се размислува, според Шаќири е на ниво на општините и Градот Скопје, стручни екипи составени од психолози и Центрите за социјални работи да разговараат и да се координираат со родителите со цел да се зголеми безбедноста на училиште и да се надминат проблемите со насилство и булинг меѓу учениците.

„Министерството за образование и наука е посветено на борбата против насилството во училиштата, затоа што веруваме дека образовните установи треба да ги градиме како сигурни места, каде децата и младите безбедно учат и се дружат. Секое дете има право да оди на училиште и да учи, без страв. Ги повикуваме наставниците, стручните соработници, родителите и другите учесници во образовниот процес - сите да работиме заедно, бидејќи имаме заедничка цел: да ги заштитиме учениците од врсничко насилство“, се вели во повикот на МОН. 

Министерство за образование и наука работи на зајкнување на постоечките процедури и постапки за функционирање на системот на заштита на децата во училиште. За да успееме, потребна ни е помош од сите кои добронамерно сакаат да излеземе како победници во борбата со ова зло.