ПанорамаАргентина
Џиновски дрес на Меси
17 декември 2022Реклама
Индустрискиот град Росарио, каде што пред 35 години е роден Лионел Меси, е оддалечен три часа возење од аргентинската престолнина Буенос Аирес. Жителите на градот се надеваат дека Аргентина овојпат ќе стигне до титиулата светски фудбалски првак.
Официјалните дресови со бројот 10 се распродадени одамна, а на црно се продаваат евтини копии со кои се прави огромен профит. Сите пред финалето сакаат да се облечат во националните бои.