1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW
СпортГлобално

Новак Ѓоковиќ – светски тениски крал

11 септември 2023

Тенисерот Новак Ѓоковиќ го освои УС Опен во Њујорк. Тоа е негова 24. Грен слем титула. Со тоа Србинот испишува спортска историја.

https://p.dw.com/p/4WBDB
Новак Ѓоковиќ УС Опен во Њујорк
Тенисерот Новак Ѓоковиќ го освои УС Опен во ЊујоркФотографија: MIKE SEGAR/REUTERS

Најуспешниот тенисер во историјата, Новак Ѓоковиќ веќе имаше многу трофеи, но сега на полицата може да го стави и следниот. Тој ја слави својата 24. Грен слем титула со триумфот на УС Опен. По синоќешната победа над Данил Медведев, 36-годишниот Ѓоковиќ се враќа на челната позиција на АТП листата и сега повторно е светски рекет број еден. За него, како што рече, тоа е исполнување на детскиот сон. 

Српскиот тениски ас во својата кариера досега има освоено 10 титули на Австралија опен, седум на Вимблдон, четири на УС Опен и три на Ролан Гарос.