1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW
КатастрофиСоединети Американски Држави

Ураганот Ијан – кулиса за селфи во Флорида

ЖА /ДВ
28 септември 2022

Додека илјадници жители на Флорида се евакуираат и со страв го очекуваат налетот на ураганот Ијан, високите бранови некои ги користат како кулиса за селфи.

https://p.dw.com/p/4HRRn
BdTD | Florida - Selfies mit Brandung von Hurrikan Ian
Фотографија: Rob O'Neal/The Key West Citizen/AP/picture alliance

Високите бранови предизвикани од ураганот Ијан се кулиса за  селфи снимки  која во Ки Вест на Флорида радо ја користат и новинарски екипи, како и туристи и локално население. На многумина меѓутоа не им е до фотографирање – се очекува Ијан дополнително да се засили над топлите води на Мексиканскиот залив и дека ударите на ветрот ќе достигнуваат брзина од 225 километри на час. За 2,5 милиони луѓе е издадена наредба за евакуација.

Невремето претходно предизвика огромни штети на Куба, со налети на ветрот до 250 километри на час. Во цела Куба електричната струја е во прекин, оштетени или уништени се бројни куќи, откорнати се дрвја,  многу улици се под вода.