1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW
КатастрофиСоединети Американски Држави

Урнатиот мост во Балтимор - ден потоа

27 март 2024

Делови од мостот „Френсис Скот Ки“ во Балтимор прекршени преку бродот кој се судри со еден од столбовите на мостот.

https://p.dw.com/p/4e9ud
САД Урнат мост во Балтимор
Урнатиот мост во БалтиморФотографија: Kaitlin Newman/The Baltimore Banner/AP/picture alliance

По уривањето на мостот, надлежните власти сметаат дека шесте исчезнати лица по кои се трагаше, се починати. Американската крајбрежна стража вчеравечер објави дека запира активната потрага по преживеани. Се смета дека со оглед на температурата на водата по толку часови од несреќата веќе нема преживеани. Претставник на крајбрежната стража изјави дека не сакаат да го ризикуваат здравјето на спасувачите поради опасните струи и остатоци од мостот во водата.

Огромен контејнерски брод удри во мостот со четири ленти, долг повеќе од 2,5 километри во ноќта помеѓу понеделникот и вторникот, предизвикувајќи негово уривање. Според гувернерот на американската сојузна држава Мериленд, Вес Мур, контејнерскиот брод, кој возел под знамето на Сингапур, се движел кон мостот „со осум јазли, што е исклучително брзо“. Според властите, нема докази за намерен чин или за терористички напад. Сè укажува на несреќа, велат тие.

Товарен брод урна мост во Балтимор, САД