1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Хиперинфлација во Германија- пред сто години

Кристине Ленен
7 јануари 2023

Во Германија во 2022 година беше забележана рекордна инфлација од 7,9 проценти. Но, таа ни оддалеку не може да се спореди со хиперинфлацијата во Вајмарската република, која имаше катастрофални последици.

https://p.dw.com/p/4LkpH
Во 1924 година, овие Берлинчани мораа да заложат скапоцености во канцеларијата за заеми - инфлацијата ги проголта нивните заштеди
Во 1924 година, овие Берлинчани мораа да заложат скапоцености во канцеларијата за заеми - инфлацијата ги проголта нивните заштедиФотографија: akg-images/picture-alliance

Хиперинфлацијата во Вајмарската Република беше една од најголемите економски кризи во историјата на Германија. Се започна во 1923 година. Во тоа време, Германија сè уште не беше закрепната од Првата светска војна. Земјата беше оптоварена и со барањата на Франција за репарации, зацртани во мировниот договор од Версај. Причините за хиперинфлација беа многубројни.

Јута Хофриц во својата книга „Танцот на смртта - 1923 година и неговите последици“ вели дека тогашната влада во Германија направила сериозни грешки. Кога Германија доцнеше со плаќањето на репарациите на Франција, Париз ја окупираше  Рурската област за да доспее до јаглен во вредноста на неплатените репарации. Но, населението пружи пасивен отпор, рударите во Рур престанаа да копаат јаглен. Хофриц вели дека печатењето пари што го преземала германската влада за да ги исплаќа штрајкувачите во Рурската област, ја започнала инфлацијата.

Патриотизмот доведе до катастрофална економска криза

„А самите Германци го запреа нивното најважно производство, само затоа што не сакаа Французите да добијат јаглен и челик, па рекоа, па, тогаш нема да произведуваме ништо“, наведува авторката. Централната банка почна да печати пари со кои се плаќаа рурските штрајкувачи. Кога има вишок пари и недостиг на производи како суровини, тогаш вредноста на парите се намалува. Освен тоа, уште за време на Првата светска војна, Германија силно ја намали вредноста на својата валута, бидејќи печатеше пари за финансирање на војната.

Во 1923 година, во Вајмарската Република, парите вределе толку малку што наместо да се бројат, биле мерени на вага.
Во 1923 година, во Вајмарската Република, парите вределе толку малку што наместо да се бројат, биле мерени на вага.Фотографија: ullstein bild/picture alliance

Последиците за секојдневниот живот беа фатални. Наскоро, еден леб чинеше стотици милиони марки. Во книгата, Хофриц опишува како познатата германска уметница Кете Колвиц 1923 година почнала да складира компири во собите во нејзиниот дом. Неговата вредност постојано се зголемувала, а за разлика од безвредните пари, можел и да се јаде. Кете Колвиц изнајмила една соба, а на потстанарот му останал тесен пат меѓу компирите до креветот.

Монетарната реформа беше спас

Германската Рајхсбанка печатела се повеќе пари. „Во 1923 година државната печатница имала три пати поголем број вработени во споредба со периодот пред војната, а за неа печателе и речиси сите печатници во Германија“, вели Хофриц и додава: „Речиси целата индустрија за преработка на хартија била преокупирана со печатење пари.“

Дури кога централната банка доби нов директор и кога се спроведе реформа, ситуацијата се смири. Прекумерното печатење пари престана. Дополнително, воведена е и таканаречената „ржана марка“, алтернативна валута чија цел беше да ја стекне довербата на населението. Земјоделските површини беа земени како покритие, односно количината на ориз што може да се добие од нив. Хофриц вели дека успехот на оваа алтернативна валута се базирал на илузија - никој не можел да оди во Централната банка и да ги замени своите пари за земјоделско земјиште. Но, бидејќи никој не се ни обидувал, магијата сепак функционираше. Валутата остана стабилна и беше прифатена како платежно средство.

Безвредни банкноти складирани во Рајхсбанкката во времето на хиперинфлацијата
Безвредни банкноти складирани во Рајхсбанкката во времето на хиперинфлацијатаФотографија: United Archives/picture alliance

Што е со денешната инфлација?

Хофриц вели дека ситуацијата денес е поинаква. Има неколку сличности: „Се разбира, хиперинфлацијата и инфлацијатачесто се поврзуваат со време на војна. За среќа, ние не сме учесници во оваа војна, но трпиме колатерална штета бидејќи снабдувањето со природен гас не функционира“, вели Хофриц, алудирајќи на рускиот напад врз Украина. И навистина, како јагленот пред еден век, сега има недостиг од уште еден важен енергенс. А Европската централна банка, вели Хофриц, со години има експанзивна емисиона политика, така што тоа се поволни услови за развој на инфлацијата.

Книгата „Танцот на смртта - 1923 и неговите последици“ на Јута Хофриц беше објавена во 2022 година
Книгата „Танцот на смртта - 1923 и неговите последици“ на Јута Хофриц беше објавена во 2022 година

„Но, тука завршуваат сличностите“, подвлекува Хофриц. „Денес зборуваме за голема инфлација, поголема отколку во целиот мој живот - десет проценти. Тоа е многу, но во 1923 година имаше хиперинфлација. Тоа е сосема поинаков редослед на големини“.

Кои се разликите?

Цените во  2022 година во Германија беа во просек повисоки од цените во 2021 година за 7,9 проценти, што е најголема стапка на инфлацијаво последните 70 години. Притоа тука станува збор за раст на цените во период од една година. А при хиперинфлација, цените растат месечно за најмалку 50 проценти. Тоа би значело дека лебот што чинел три евра во ноември, еден месец подоцна би чинел најмалку четири и пол евра.

Јута Хофриц често добива писма од читателите и во нив банкноти од времето на хиперинфлацијата, кои ги наследиле од семејството, на пример, банкнота од два милиони марки. „Луѓето често ми кажуваат како, како деца, откриле пакет банкнити на таванот и пет минути се чувствувале исклучително богати. Го знаете она - го најдов закопаното богатство на дедо ми. И тогаш доаѓа дедото и вели дека тоа останало од 1923 година. А тогаш со тие пари не можевме ни леб со путер да купиме“.