Илјадници мигранти во Мексико одат кон границата со САД
31 октомври 2023Караванот кој се движи кон границата со САД,п ретежно составен од луѓе од централна Америка и Венецуела, го напуштил градот Тапачула, во близина на границата со Гватемала, соопштија безбедносните власти на Мексико.
Според властите, во караванот има 3.500 луѓе. Иринео Мухика, еден од организаторите на караванот, зборува за околу 5.000 мигранти. Тој вели дека луѓето решиле да ја напуштат Тапачула поради разочарување што не можеле да добијат американски визи. Тие се придружувани од полициски автомобили и возила на брза помош.
Политичкото наследство на Доналд Трамп
Најновиот развој на настаните се случува во незгодно време за американскиот претседател Џо Бајден. Демократот, кој се надева дека ќе биде потврден на функцијата следната година, е под притисок да го намали бројот на илегални имигранти кои ја преминуваат границата со Мексико.
Опозициските републиканци го обвинуваат Бајден дека не ги презема неопходните чекори. На почетокот на месецот владата најави дека ќе го прошири контроверзниот граничен ѕид со јужниот сосед. Работата на ѕидот во регионот на долината Рио Гранде беше одобрена во 2019 година, за време на претходникот на Бајден, Доналд Трамп. Бајден во изборната кампања отфрли можност за доградба на ѕидот.
Мексико е на рутата на луѓето од Централна и Јужна Америка кои се обидуваат да дојдат во САД. Тие бегаат од сиромаштијата, насилството и политичките кризи во своите татковини. Американското Министерство за внатрешни работи до август регистрираше неколку стотици илјади нелегални гранични премини на јужната граница.